Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Samsung го претставува Samsung Galaksi 2;
BMW и Paranal;
Дали бројот на елементите е ограничен?;
20 km/h – 50 мртви и 600 повредени!;
Деветстепен автоматски менувач на ZF;
SpareOne или резервен телефон?;
Презентација на MAKTEC;
Презентација на YAMAHA;
VLT со досега најдеталната слика на Karina;
Megaphone за iPhone?;
HP претстави нова линија моќни работни станици;
Mini Klabven концепт;
Програма на Sieto за градба на обновливи извори на енергија;
"Зелени" сервери;
Клетките на ракот се хранат со шеќер;
LG го најавува Optimus VU;
До 2050 – вселенски лифт до висина од 96 000 километри;
Андромеда во ултравиолетово подрачје

HP и LanDesk овозможуваат поголема вредност од компјутерите
HP објави дека на своите бизнис клиенти започнува да им ги нуди решенијата на LANDesk management. Според нив овие решенија ќе им овозможат зголемена продуктивност на крајните корисници, но и услови за поедноставно да ги обезбедат и поврзат уредите во нивната околина.
Оваа соработка помеѓу HP и LANDesk Software, ќе им овозможи на сите бизнис клиенти на HP, да го користат LANDesk Management пакетот и да го намалат времето за инсталација и конфигурација на компјутерот од часови во минути.
Со елиминирање на потребата од директна инсталација преку IT одделот, решенијата на LANDesk management им помагаат на компаниите да ја зголемат ефикасноста и да ги намалат трошоците, а во исто време да ги решат и проблемите со: потрошувачка на енергија, управување со уредите и управувањето со BIOS-от и поединечните оперативни системи, подршка за известувања и алармирање за хардверски дефекти.
LANDesk апликациите од HP, им помагаат на корисниците да заштедат време и пари. Сега бизнис корисниците на HP можат да се потпрат на напредните алатки за оддалечено управување со хардверот од LANDesk software, и на тој начин да ги намалат директните локациски активности на IT одделот, кои што пред се одземаат време, но и трошат пари.
Автоматското превземање и оддалечената инсталација на последните најнови надградби од HP, им овозможуваат на корисниците едноставна инсталација и управување со драјверите и надградбите на фирмверот од HP за нивните десктоп или преносни компјутери.
Корисниците ќе можат да ја искористат и таканаречената "една-за-повеќе" конфигурациска опција за BIOS и фирмвер, со која можат за кратко време да направат промена на сите нагодувања на подржаните компјутери. Дополнително, проактивната алатка за контрола на "здравјето" на компјутерите ја следи состојбата и дава известување за потенцијалните хардверски проблеми кои можат да се случат во иднина.
Како дополнување на постоечките решенија од LANDesk Management пакетот, системот кој вклучува имплементација на полисите и алатки од HP- Professional Innovations секцијата: HP Power Assistant- алатка за управување со енергијата и HP Connection Manager –алатка која претставува платформа за поврзување, ќе биде достапен од Јуни. Поддршката на LANDesk за тенките клиенти од ХП ќе биде достапна од Октомври.
Повеќе информации за останатите услуги кои ќе бидат достапни во текот на годината може да се најадат на следниов линк http://h20331.www2.hp.com/hpsub/downloads/New_Client_Management_Offering...

Нови 10 печатачки системи од HP
Минатиот месец HP претстави десет дигитални печатачки системи вклучувајќи го и првиот 29-инчен формат на HP Индиго печатот. Десетте нови системи вклучуваат:
• Три од следната генерација HP Индиго печатачи со 29-инчен формат способни за производство на речиси сите комерцијални печати и многу поширок спектар на спакувани апликации.
• Три ажурирани модели на тековното HP Индиго портфолио со повисоки брзини за значително зголемување на продуктивноста.
• Три HP инкџет Веб Прес модели со висока продуктивност кои имаат напредно мастило и печатачка технологија за извонреден квалитет на печатење на зголемена брзина на печатење.
• HP Модул Решенија на печатење за додавање монохроматски или со полна содржина бои на пред печатени офсет материјали.
HP исто така најави и нови опции за HP Scitex индустриски преси, кои се употребуваат за голем знак и прикажување на апликации, како и голем број на нови услуги и решенија за да го дополни широкото портфолио на HP за дигитални системи.
Новите решенија HP ќе ги прикаже од 3 до16 мај на DRUPA 2012, саемот за печатарски технологии и размена на печатарски искуства кој секоја година се одржува во Дизелдорф, Германија. На овој саем HP ќе биде најголемиот изложувач за дигитално печатење и ќе има втор најголем штанд на шоуто. Во светот, HP има инсталирано повеќе од 60 HP инкџет Веб печати, повеќе од 6 000 HP Индиго печати и над 10 000 HP латекс системи. HP исто така, има инвестирано повеќе од 1 милијарда долари во истражување и развој на нови графички решенија.
Три нови поголеми формати на HP Индиго модели овозможуваат PSP уредите да се прошират на апликации кои претходно не можеле да се испратат со дигитален печат, во кое спаѓа и попродуктивното и економичното печатење за зголемување на профитот.
• HP Индиго дигитален 10 000 Печат е 29-инчен со мноштво на хартија соодветен за широк спектар на комерцијални апликации.
• HP Индиго дигитален 20 000 Печат е континуиран канал печат наменет за флексибилно пакување.
• HP Индиго дигитален 30 000 Печат со мноштво на хартија печат наменет за виткање картони.
повеќе информации за производите на ХП може да најдете на www.hp.com
Н.С.

SpareOne или резервен телефон?
Дали можете да се сетите на времето кога во вашиот живот не постоеше мобилниот телефон? Ако не сте постари од дваесетина години, одговорот е најверојантно – не! Веќе толку сме свикнати на него, користејќи го секојдневно во комуникацијата со нашите родители, деца, пријатели, деловни партнери, што ако по некоја случајност тој ни "откаже послушност" или, пак, ако се испразни неговата батерија, се чувствуваме отсечени од светот. А ваквите ситуации секогаш се случуваат во "најзгодниот" момент – кога ви треба помош на пат, кога имате неодложен деловен разговор или, пак, кога морате да им објасните на вашите деца каде и кога точно треба да ги почекате.
Решението на сите овие проблеми е SpareOne – резервен мобилен телефон кој работи на напојување од само една АА батерија! Да се разбереме целта на овој телефон е овозможувањето на комуникација во случаи на нужда кога немате друга можност и средство. Токму поради ова дизајнот е крајно едноставен, а главен акцент е ставен на практичноста. Па така, телефонот нема можност за SMS пораки и слични опции, но производителот тврди дека овој телефон овозможува до 10 часа телефонски разговори и дека има неверојатен рок на траење. Имено, доколку телефонот се држи исклучен, односно ако го чувате за "не дај боже" ситуации во вашиот автомобил или во домот, производителот тврди дека тој ќе работи во наредните 15 години!
Телефонот е идеален за непредвидени ситуации во кои можете да се најдете кога полнењето на батеријата на вашиот регуларен телефон не е опција, а тоа може да биде од незгоди на патот па сè до поголеми природни катастрофи.
Телефонот беше претставен на CES оваа година, а се очекува да се појави на пазарот веќе во март. Доколку останавте заинтригирани, секако посетете ја интернет-страницата на производителот http://www.spareonephone.com.
Н. Стојановска

"Зелени" сервери
Од ден на ден сè помалку имаме ресурси на енергија, а нè има сè повеќе. Од оваа причина научниците се во постојана потрага по нови извори на енергија, но и во процес на создавање на уреди коишто ќе консумираат енергија колку што е можно помалку.
Здружени, компаниите Intel, Samsung и SeaMicro создале сервер со 64 quard четворојадрени процесори чијашто потрошувачка на енергија е двојно помала од потрошувачката на класичните сервери.
Како што е познато, сервисите во кои се складираат огромни количини податоци секојдневно се зголемуваат, а воедно се зголемува и потребата од побрзи и помоќни сервери, кои пак трошат сè повеќе енергија за својата непречена работа. Токму од оваа причина трите компании се одлучиле да произведат сервер кој ќе биде побрз, помоќен, а истовремено ќе има помала потрошувачка на енергија. Овој сервер кој троши значително помалку енергија од постоечките, зазема една третина од просторот во однос на денешните сервери кои се наоѓаат во центрите за податоци. Од Intel велат дека ваквите нови сервери веќе се користат во некои центри за податоци во Mozilla и CompSec, за потребите на федералните известувачки агенции.
Најголемиот дел од работата го завршила компанијата SeaMicro, која за развој на овој сервер од инвеститори добила 60 милиони долари, а од американската влада 9,6 милиони. Интересен е при тоа податокот дека во background-от на компанијата стои дека компанијата SeaMicro произведува мали ефикасни сервери наменети за помал промет, кои користат Intel Atom чипови!
Во следната фаза на развој на овие моќни, ефикасни и “зелени“ сервери се очекува сервер кој ќе користи чипови од smart телефони, со што се очекува уште повеќе да се намали нивната потрошувачка на електрична енергија и намалување на трошоците воопшто.
И компанијата Hewlett-Packard исто така најавува лансирање сервери кои ќе се базираат на чипови на паметни телефони, а за таа цел ќе соработува со компанијата Calxeda.
К.С.Андонова

До 2050 – вселенски лифт до висина од 96 000 километри
Вселенскиот лифт е сон кој веќе подолго време научниците се обидуваат на сите можни начини да го реализираат. Јапонската компанија Obayashi Corp неодамна изјавила дека до 2050 година тој сон ќе биде реализиран и тоа најверојатно ќе биде зачеток на вселенскиот туризам.
Obayashi Corp е компанија која е специјализирана за многу високи градби, меѓу кои е и Tokyo Sky Tree, чие градење е пред завршување. Компанијата сака да направи вселенски лифт кој би се искачил, најнапред, до височина од 36 000 километри. Таа висина е нат висината на сите сателити кои се наоѓаат во геосинхрониската орбита околу Земјата. На лифтот би му требало седум дена за да стаса на таа височина. Стручните лица од компанијата планираат за изградба на каблите за овој лифт да употребат наноматеријали, односно карбонски наноцевчиња. Нивниот лифт би можел да превезува околу триесет патници, и ќе се движи со брзина од 200 километри на час. На 32 000 километри туристите би посетиле вселенска станица, а од таа станица кабелот од лифтот би одел понатаму до 96 000 километри. На висина од 96 000 километри би имале пристап само научници и истражувачи, а не обични туристи, што значи дека обичните патници ќе стасаат само до тука!
– Нашите експерти, научници, истражувачи и другите кои се занимаваат со високоградба, климатски услови, ветрови, дизајн и друго потврдуваат дека е можно да се направи ваков вселенски лифт, изјави за телевизијата AFP Сатоми Кацујама (Satomi Katsuyama), портпарол на компанијата Obayashi Corp.
Кој ќе ја дочека 2050 г. можеби еден ден и ќе патува со овој лифт!
К.С.Андонова

HP Indigo 10000 Press

HP Indigo 1316a

HP Indigo 1316c

SpareOne - телефон за вонредни ситуации

SeaMicro 02

До 2050 – вселенски лифт?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.