Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Космичката мрежа на маглината Тарантула;
Како животните ги предвидуваат земјотресите?;
"Мачорот во чизми" оживеа со технологијата на HP;
3D ТВ-програма и во Кина;
Цената на прекумерно консумирање алхохол е превисока;
Ако досега не сте знаеле, сега знајте дека...;
Од семки пратени во вселената произведени огромни краставици;
Умни мравки;
Која ли беше шредингеровата мачка?;
Европскиот суд забрани патенти со ембрионални матични клетки;
Колку галаксии имаме откриено?;
Чудната врска помеѓу херпесот и помнењето;
Нов џиновски авион кој ќе служи како летечки космодром;
"Електронскиот нос" може да открие разни заболувања, па дури и тумор;
Создаден кардиостимулатор помал од зрно ориз;
Матични клетки за поголеми гради;
10 факти за... роботите

Европскиот суд забрани патенти со ембрионални матични клетки
Европскиот суд донел одлука според која ниту една постапка која вклучува издвојување клетки од човечкиот ембрион, при што истиот се уништува, не смее да се патентира. Според истражувачите, оваа одлука би можела да има големо влијание врз натамошните истражувања.
Одлуката, всушност, се однесува на методите на претворање на човечки матични клетки од ембриони во клетки на живи нервни системи. Ова значи дека создадениот ембрион треба да се третира како зачеток на живот, и не смее да се применува во лечење на разни болести, туку врз него можат да бидат применети терапевтски и дијагностички третмани ако се од негова корист. Неговото користење во научни истражувања е забрането. Значи, сите постапки кои вклучуваат издвојување матични клетки од човечки ембрион во фаза на бластоциста, при што истиот се уништува, се забранети. Balastocista е оплодено јајце, старо само неколку дена, во кое е започната делбата на клетките. Сето ова, оваа забрана, е последица на тужбата против Оливер Брусли (Oliver Bruestlea), од страна на "Гринпис", кога тој објавил дека сака да патентира метода за лечење на нерв со помош на матични клетки добиени од човечки ембрион.
Научниците и истражувачите се против оваа одлука. Тие сметаат дека оваа забрана ќе ги забави истражувањата за развој на подрачја кои би биле извор на многу методи за лечење во дваесет и првиот век.
Забраната е дочекана со одобрување од страна на верските и етичко-моралните структури, бидејќи со оваа метода би можело да се прават злоупотреби.
К. С. Андонова

Чудната врска помеѓу херпесот и помнењето
Вирусот на херпес симплекс, тип 1, можеби е поврзан со Алцхајмеровата болест! Врските го вклучуваат аполипротеинот Е (apoE), протеин којшто учествува во преносот на холестеролот низ телото.
Постојат неколку вида на apoE гени. Еден од нив е APOE-e4, кој е еден од водечките фактори на ризик за развој на Алцхајмеровата болест. Во неколку досегашни истражувања било откриено дека луѓето кои го поседуваат генот APOE-e4 и имаат ДНК носител на херпес симплекс, имаат поголема шанса за развој на Алцхајмеровата болест. Со цел да ја истражат врската помеѓу генот и вирусот, неврологот Хауард Федероф (Howard Federoff) од Универзитетот на Рочестерската медицинска школа (University of Rochester School of Medicine) и неговите колеги создале култури на глувчешки клетки кои го поседувале било генот APOE-e4 било некоја од неговите варијанти, а потоа овие култури ги инфицирале со вирусот на херпес. Иако сите клетки биле подеднакво инфицирани, сепак, вирусот бил поактивен кај клетките кои го содржеле APOE-e4. Активниот вирус значи оштетување на клетките или смрт, додека неговата неактивна верзија е безопасна. Како ова е поврзано со предиспозициите на некои луѓе за развој на Алцхајмерова болест с# уште е нејасно, но можеби улога во ова има и некој молекуларен рецептор за вирусот на херпес во врските меѓу нервните клетки.
Ова, сепак, не значи дека ако патите од херпес сигурно ќе развиете и Алцхајмерова болест, туку само дека е еден од факторите на ризик. Денес постојат низа лекови кои се наменети за лекување на херпесот, а доколку неговата "вина" биде директно утврдена за развој на алцхајмеровата болест, најверојатно би следел и развој на профилактичка вакцина, - н# уверуваат истражувачите.
Н. Стојановска

Електрична енергија од компири
Човештвото е во постојана потрага по алтернативни извори на енергија, бидејќи резервите на енергетските ресурси од ден на ден се с# помали, а нас н# има с# повеќе. За алтернативните, но и за еколошките извори на енергија се почесто среќавате написи на секаде, а се разбира и во ЕМИТЕР. Еве и во овој напис прочитајте за добивање на електрична енергија и тоа од варени КОМПИРИ!
Научници успеале да конструираат ефикасна батерија во која се користат електроди од цинк и бакар, но и обичен компир. Тие најпрво откриле дека електричната енергија добиена од батерии од варениот компир е пет до педесет пати поевтина од енергијата добиена од комерцијалните батерии кои во моментов ги има на пазарот. При тоа утврдиле дека поевтино е ако се користи варен, а не суров компир. Ставајќи варен компир во составот на батеријата, нејзиниот работен век се продолжил за десет пати во однос на батеријата со суров компир. Како што пишува во "Списание за обновлива и одржлива енергија" во кој се објавени резултатите од истражувањата, ваквата батерија од варени компири може да работи со недели!. Светлото добиено со работа на оваа батерија е шест пати поисплатливо од светлото добиено од петролејските светилки кои најчесто се користат во најсиромашните земји, но и во некои земји во развој.
Директорот на компанијата "Јисум", Јаков Мишлин, верува дека нивниот изум би можеле да го користат милиони луѓе, особено во подрачјата каде што не постои електрична инфраструктура. Електричната енергија добиена од варени компири би се користела, пред с#, за осветлување и за телекомуникации, стои во соопштението на технолошкиот Хебрејски Универзитет во Ерусалим. Инаку, компирот се одгледува во 130 земји, во различни климатски зони, а и го има преку цела година, бидејќи лесно се чува, односно не бара некои посебни усливи за чување.
К. С. Андонова

Ембронални матични клетки

Вирус на херпес

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.