Рубрика: Електроника
Стерео аудиозасилувач со TDA1557Q
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред извесно време еден читател ни предложи да објавиме проект на стерео засилувач со TDA1553Q. Со оглед на тоа што таков проект имаме објавено уште во ЕМИТЕР 3/95 и бидејќи ова ИК денес тешко се наоѓа ние одлучивме да објавиме проект со неговиот понов и поквалитетен наследник TDA1557Q. Двете интегрирани кола се пин-компатибилни, што значи дека во овој проект ќе може да се употреби кое било од двете кола, според изборот на секој што ќе се нафати да го изработува. Во секој случај станува збор за супередноставен стерео засилувач со моќност од 2x17W/4Ω, наменет пред сe за употреба во автомобил, но со соодветен насочувач ќе може да се употребува и дома.

Ова коло е специјално дизајнирано за изработка на стерео (двоканален) аудиозасилувач за во автомобил. Иако специјално е изработено за употреба во вашиот автомобил, него слободно можете да го користите и во други апликации, на пример како одличен минијатурен "Low cost" стереозасилувач за вашиот персонален сметач (PC), како аудиозасилувач за вашиот CD, DVD, MP3-плеер итн. Сето ова ќе си го овозможите, ако за овој стереозасилувач изработите засебно DC-напојување од 15V кое директно ќе може да се приклучува на градската мрежа на наизменичен AC-напон од 230V. При употреба на ова коло во вашиот автомобил треба да се знае дека напонот за напојување кога работи моторот на автомобилот изнесува 14,4V. Со овој напон засилувачот може да испорача 2x17W на 4Ω, со THD изобличување од само 0,5% и фреквенциски опсег од 20Hz до 20kHz. Максималната излезна моќност му е 2x22W со 10% изобличување на оптоварување од 4Ω. Импендансата на звучникот не смее да биде помала од 4Ω, бидејќи се работи за засилувач во мостна конфигурација. Ако се оди со помала вредност од 4Ω низ излезите од ова коло ќе протече поголема струја од дозволената при што голема е можноста да реагира заштитата, но во краен случај уште поголема е опасноста да изгорат излезните транзистори во самото коло. Инаку максималната дозволена излезна струја на ова коло е 4A. Ова е крајно едоставен засилувач кој ќе им овозможи на електроничарите-почетници сигурен успех во изработката. Но, овој засилувач може да биде интересен и за понапредните електроничари кои сакат да експерементираат, односно да изработат засилувач за сателитски звучници за во автомобил, за во сараунд системите, или за некоја друга примена.

Технички карактеристики:

Напојување: 14,4Vdc (6 - 18Vdc);
Излезна моќност: 2 x 17W / 4Ω;
THD изобличувања: 0,5%

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1143
ИК: TDA1557Q или TDA1553Q;
Потенциометар: 2 x 10k/log
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.