Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мал, едноставен и евтин, но сепак доверлив USB програматор за PIC микроконтролери – тоа е она што го бараме цело време, нели? Доколку се согласувате со мене, посветете внимание на написов за да видите колку лесно можете и вие самите да изработите ваков програматор. Одличниот бесплатен софтвер и можноста да работи на кој било PC ќе направат овој програматор да го засакате толку многу што ќе си го носите секаде со вас :-).
Главната идеја при проектирањето и изработката на овој уред беше да се изработи USB програматор за PIC микроконтролери кој во исто време ќе биде мал по големина, евтин, со лесно достапни елементи во нашава земја и едноставен за изработка. Но, освен ова, во преден план исто така беше земен и софтверот кој треба да се користи – треба да биде бесплатен (македонска работа :-)) и да ги поддржува најчесто користените PIC микроконтролери или барем оние кои можат да се најдат на нашиов пазар (за жал се малку). Така размислувајќи на темата, но без некои конкретни акции, случајно седејќи на facebook, упс… извинете, на интернет (понекогаш е исто нели ;-)) налетав на еден сајт www.usbpicprog.org каде што всушност видов дека сето она за кое јас размислував некој некаде, таму далеку, веќе го сработил. Сè беше тука – едноставноста, USB функционалноста, бесплатниот софтвер, поддршката за голем дел од PIC микроконтролерите … само требаше ова да се среди и да се прилагоди за наши услови. Луѓето кои го почнале проектот веќе изработиле плочка која ја продаваат како готов програматор, но ова е против нашите принципи, нели?! Ние сакаме самите да го изработиме ова парче електроника, па и ако ни профункционира од прва … три дена со нас муабет не се прави. Сепак, да не должам многу, од овој сајт видов потврда за мојата идеја, но сепак остана уште многу за работа. Па, да видиме која е нашата работа за да го искористиме она бесплатното кое го направиле далечните господа.
Пред да почнеме со анализирањето на електричната шема на програматорот, само ќе најавам една готова плочка од фирмата Микроелектроника која значително ќе ни ја поедностави изработката на уредот и со чија помош ќе добиеме еден фин, мал и културно спакуван програматор, кој може да се носи и во џеб. Плочката носи име "StartUSB for PIC" и таа е со веќе интегриран PIC микроконтролер, осцилатор, коло за ресет, мини USB конектор и некои статусни LED диоди. Останатиот дел од плочката е оставен како прото-плочка на која корисникот ќе може да додаде некоја додатна електроника која заедно со PIC микроконтролерот би функционирале како една целина, т.е. еден уред. PIC микроконтролерот кој е вграден на оваа плочка е веќе препрограмиран со т.н. "bootloader". Ова не е ништо друго туку програма која дозволува корисникот да внесе друга програма во меморијата на микроконтролерот (слично на BIOS при инсталација на Windows кај компјутерите) без употреба на никаков програматор. Оваа функционалност исто така значително ќе ви ја олесни изработката на уредот, особено доколку не поседувате никаков програматор за PIC во моментов. Но, сепак, за деталите за оваа функционалност ќе се задржиме малку подоцна.
плочка "Start USB for PC";
плочка "PIC Flash Board";
транзистори: BC546, BS170, BS250
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.