Рубрика: Металство и машинство
Внимателно со малите завртки
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Завртките се стандардни, широко распространети и многу важни машински елементи. Најчесто тие се изработуваат и испорачуваат до крајниот корисник како готови производи со оптимални облици и од најсоодветни материјали. Конструкторот или корисникот обично не ги обликува завртките, туку ги избира од понудените каталози на специјализираните производители. Па сепак, наспроти ваквиот пристап при работа со завртките, особено со оние со помал пречник, може да се наиде на различни "стапици". Нив корисникот треба да ги познава, разбира и да ги почитува. Во овој напис ќе стане збор за три такви "стапици".

Формирање на склопови и сложени структури во машинството се реализира со посредство на врски. Да се спои, значи да се формира целина од одделни делови. Независно од видот, врските мораат да бидат способни да го пренесуваат оптоварувањето од силите во работа и да ја обезбедат потребната меѓусебна положба на деловите. Од овие дефиниции лесно може да се разбере големата важност на врските.
Во машинството се користат многу видови врски, а вниманието го привлекуваат навојните, посебно надолжно оптоварените и претходно притегнати врски поради големиот број поволни особини (големата моќ на носење, раздвојливоста, лесното спојување, едноставната изведба и едноставната и надежна пресметка). Ова се воедно и најчесто применуваните врски во практиката. Реализацијата на ваквите врски се сведува на создавање и конзервирање на претходната сила на притегање (F) во завртките. Големината на оваа сила зависи од условите на работа и функцијата која врската ја извршува, и таа може да се пресмета или усвои од специјални табели. Практично потребната сила на притегањето се реализира со претходно завртување на навртка со клуч и со дејство на момент на притегнување Tp. При неконтролирано притегање на завртката постои реална опасност таа да се искрши или да остане недоволно притегната. Затоа е потребно, при реализација на врската, моментот Tp или силата F да се мери. Тоа се постигнува со динамометарски ("момент") клучеви или со специјални алати за притегање. Ваквите клучеви имаат уред за непосредно отчитување на вртежниот момент со кој се врши притегањето или при достигање на определениот момент ја прекинуваат врската помеѓу рачката и клучот. Во сериско производство се користат динамометарски клучеви со пневматски или електричен погон. Очигледно создавање врска со притегање на завртките е многу едноставна операција. Па, сепак треба да се внимава на можните "стапици": неконтролирано големо притегање, непаралелни потпирни површини, лабавење и самоодвртување. Ова се темите за кои можете да дознаете повеќе во текстот што следува.

Клучни зборови:
" href="https://emiter.com.mk/sites/default/files/sliki/napis/2_emiter_MomentKljucevi.png">

Современи модели на динамометарски - "момент" клучеви.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.