Рубрика: Електроника
Едноставен LED осцилоскоп SO-8 (2)
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Осцилоскопот е корисен инструмент, но заради високата цена е недостапен за повеќето електроничари. Токму затоа го подготвивме овој проект за самоградба на едноставен и евтин осцилоскоп, кој испитуваниот сигнал го прикажува на матрица од 10x10 ЛЕД диоди. И покрај својата едноставност, тој сепак може да послужи за детектирање на присуство на сигнал, груба проценка на неговиот облик и приближно мерење на амплитудата, периодата и фреквенцијата на испитуваниот сигнал. Но, и овие можности честопати се сосема доволни за електроничарите-аматери, а ако на ова се додаде и едукативната функција ете доволно причини да тргнете во градба на ова осцилоскопче. Во првото продолжение ги разгледавме електричните шеми, принципот на работа, плочките со печатени кола и описот на нивната изработка. Во ова второ, завршно, продолжение на ред е монтажата во кутија, нагодувањето и советите за користење на овој мал осцилоскоп.

Приказ на правоаголен, триаголен и синусен сигнал со интерен тригер на осцилоскопот

Технички карактеристики:

Напојување: 230V±10%/50Hz
Максимална потрошувачка: 0,4VA
Работна температура: +5°C ÷ +40°C
Влезна импенданса: min1MΩ
Максимален влезен напон: 100Vpp (AC или DC)

ХОРИЗОНТАЛНА ОСКА
Чекор: 10,5ms/div ÷ 2µs/div ; контуниран чекор
Фреквентен опсег на оската: 9,5 Hz ÷ 50kHz
Фрекв. подрачја на оската: 3 декадни со линеарна промена во декадата x0,1 : 950Hz ÷ 50kHz x1 : 95Hz ÷ 5kHz x10 : 9,5Hz ÷ 500Hz

ВЕРТИКАЛНА ОСКА
Чекор: 50mV/div ÷ 15V/div ; дисконтинуиран чекор
Напонски опсег на оската: 500mV ÷ 150V
Напонски подрачја на оската: 3 декадни со линеарна промена во декадата x0,1 : 500mV ÷ 1,5V x1 : 5V ÷ 15V x10 : 50V ÷ 150V
Офсет регулација: ±50% од подрачјето

ТРИГЕР
Автоматски: без тригер импулси (слободно течење по хоризонтална оска)
Интерен: тригер импулс синхронизиран со влезниот сигнал
Екстерен: - максимална амплитуда: 10Vpp - чувствителност: 1Vpp - поларитет: растечки раб - фреквентно подрачје: 1Hz ÷ 100kHz - влезна импенданса: >100кΩ

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: MASK111
ИК: CD4017, LM3914, LM293, LF353;
Преклопници: 1x3 положби, 2x3 положби, 3x3 положби;
Потенциометри: 1k, 2k5, 100k и 500k
Приказ на синусен сигнал со автоматски тригер на осцилоскопот
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.