Емитер 7-8/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Со додавање на сабвуфер (subwoofer) на вашиот систем за домашното кино или на вашиот стерео систем, гледањето на филмови или слушањето и уживањето во музиката сигурно ќе го направите многу повозбудливо! Сабвуферите, со репродукцијата на најниските фреквенции, ја зголемуваат веродостојноста на звукот со што придонесуваат гледачот на филмот или слушателот на музиката да биде повеќе инволвиран во филмот или во музиката која ја слуша. Токму затоа, ние во две продолженија ќе ви прикажеме проект на комплетен 500W засилувач за сабвуфер. Во овој прв дел тема ќе биде активниот low-pass филтер со контрола на засилувањето и граничната фреквенција, а во следниот дел – моќниот аудиозасилувач кој, во зависност од излезните транзистори и напојувањето, на својот излез може да испорача синусна моќност од 50 до 500W/4Ω!
Терминот сабвуфер (subwoofer) се однесува на специјален уред наменет за репродукција на најниските фреквенции кои стандардниот звучник не може да ги репродуцира со оној вистински авторитет. Освен проширувањето на фреквенцискиот опсег во нискотонскиот дел сабвуферите се во можност да го прошират и динамичкиот опсег на пониските фреквенции, подобрувајќи ја веродостојноста на репродукција на тие тонови во сериозните звучни системи. Но, сепак, изборот или изработка на вистински сабвуфер не е едноставна работа, а дури и со одличен сабвуфер во составот на домашното кино или аудиосистемот можно е да немате квалитетна репродукција ако сабвуферот не е правилно нагоден.
Реалното фреквенциско подрачје кое го слуша човекот (се разбира овдека припаѓа и жената, а и децата) во областа на говорот и музиката и разни други звуци е од 20Hz, па сè до 20kHz. Сите звучници наменети за домашно кино или аудиосистеми се дизајнирани (проектирани) повеќе или помалку успешно да го репродуцираат овој фреквенциски опсег, но генерално гледано, повеќето звучни кутии не успеваат квалитетно и со доволна јачина да ги репродуцираат звуците со најниски фреквенции (обично под 80-150Hz). Но тоа го можат сабвуферите. Кај активните сабвуфери освен добра кутија со квалитетен бас звучник (сабвуфер-звучник) потребни се и моќен засилувач и активен филтер.
Во првиот дел од нашиот проект за комплетен аудиозасилувач наменет за сабвуфер ќе се задржиме на активниот филтер – склопот за филтрирање и засилување на долните (ниските) фреквенции, пониски од 150Hz кое човековото уво може да ги чуе, а се разбира, телото да ги почувствува како благопријатна вибрација!
Гранична фреквенција: нагодлива од 40Hz до 120 Hz (150 Hz)
Стрмнина: 12 dB/oct;
Напојување: од ±30 V до ±70 V
ИК: TL082 или сличен
Потенциометри: 50 k/log, 2x10 k/lin;
Зенер диоди 15 V
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.