Рубрика: Аудио и видеотехника
Еден за сите, се на еден: Digital Video Disc - A/V формат за следниот век (1)
Автор: Милан Рупиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Форматот кој утре скоро сигурно ќе владее со глобалната забавно-електронска сцена, а кога го велам тоа мислам на аудиото во сите негови појавни облици од најдостапниот low-fi, преку најзастапениот mid-fi до квалитативно најистакнатиот hi-end, на видеото, а делумно и на интерактивната компјутеристика, кој службено во светот е промовиран на минатогодишниот саем на конзумна електроника во Лас Вегас, CES 96, своето прво појавување во јавноста го имаше на истото место, една година пред тоа. Меѓутоа, тогаш DVD (Digital Video Disc) - како што е наречен новиот медиум - не предизвика ни приближно онакво интересирање кај публиката и кај стручњаците какво што ужива денес. Сигурно повеќето од нив тогаш мислеле дека се работи само за уште еден обид со ограничени домети (како оние со DAT-от, DCC-то, CD-R-от или MiniDisc-от) целиот дигитален медиум да се дигне на повисоко ниво, за современиот комзуматор на A/V средства да го прифати како наследник на старата добра аналогна касета , односно видеокасета.

Тогаш, во почетокот на 1995 година, иако ретко кој обрнуваше посебно внимание на појавата на новиот дигитален медиум наменет за сместување и репродукција како на звук така и на слика, една работа паѓаше во очи и будеше надеж дека новиот медиум ќе успее да ја обедини целата аудио и видео бранша и дека ќе изостане веќе по малку типичната и глупава војна околу техничкиот стандард на новиот медиум. Иако на проектот на дигитален медиум кој ќе може да складира и да репродуцира и слика и звук (ова последното многу подобро од CD форматот) потполно независно работеа Sony и Philips на една и Toshiba и Matsushita на друга страна, ништо не укажуваше на тоа дека тие нема да бидат компатибилни. Носачите на податоци изгледаа исто, беа со иста големина и облик како стандардниот компакт диск, но беа различно внатрешно структурирани. Сепак, на крајот дисковите и репродукторите на двата формата требаше меѓусебно да бидат целосно компатибилни. Иако DVD пред се настана како видео медиум, неговите технички можности на аудио планот доведоа до тоа за него многу да се заинтересира и аудио гранката на електронската индустрија. Еден од првите резултати на настојувањето да се задоволат и видеофилите и аудиофилите е и се почестото спомнување на новиот “превод” на акронимот DVD како Digital Versatile Disc, односно “дигитален многустран, сестран диск” што многу подобро, кога ќе се земе во предвид дека на него можат да се стават и компјутерски податоци, ја отсликува неговата функција и можности. Во следниот број ќе се осврнеме повеќе на аудио DVD-то, како и на впечатоците и прогнозите за експлоатација на DVD системот.

Клучни зборови:
Првиот ДВД плеер претставен во САД

Првиот ДВД плеер претставен во САД

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.