Рубрика: Електроника
Полуспроводнички релеј
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога е потребна голема брзина при вклучувањето и исклучувањето, кога е потребна сигурност во работата во неповолни услови на опкружување (вибрации, влага, прав, чад...), бесшумност во работата и прекинување на големи вредности на струи без искрење на контактите, одлуката на избор е полуспроводнички (solid state) релеј како прекинувач.

Идејата за конструкција на SSR потекна од желбата и потребата да се контролира транформатор за електрично заварување. Имено, постарите модели на апарати за електрично заварување континуирано имаат присутен напон на чаурата од рачката за заварување од која се контролира само вентилот за гас (CO2) и моторот за транспорт на жицата за топење. Присутниот напон честопати доведува до неконтролирано "лепење" на жицата за заварување (за чаурата или материјалот кој се заварува), искрење и нејзино неконтролирано растопување.
Значи, идејата е да се изгради уред кој ќе го прекинува примарниот напон од трансформаторот под контрола на прекинувачот во рачката за заварување. Електричната моќност на трансформаторот за електрично заварување изнесува 4,5 KW, значи треба да се контролира струјата во примарот на трансформаторот со јачина од 19,5 A.

Главни елементи и материјали:

Тријак: BTA40700B;
Оптокаплер: MOC3042M

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.