Рубрика: Електроника
Лажен автомобилски аларм
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Наједноставен начин да го заштитите вашиот автомобил од кражба е ако му вградите еден обичен ЛЕД трепкач, кој ќе симулира вграден алармен уред во автомобилот и со тоа, најверојатно, ќе го премисли евентуалниот крадец од неговата намера.

Има многу верзии на разни трепкачки склопови, некои од нив веќе ги објавивме (ЕМИТЕР бр. 11/10: "Лажен автомобилски аларм), но овде понудената верзија на LED трепкач е специфично дизајнирана за многу кратки светлечки интервали на LED диодата, само околу 10% од времетраењето на еден циклус. Така се постигнува многу мала консумација на електрична енергија, па склопот може долготрајно да се напојува од акумулаторот на автомобилот без опасност да го испразни. Тој е дизајниран да се активира автоматски само кога моторот на автомобилот не е во работа, т.е. кога возилото е паркирано некаде. Но, штом со контакт-клучот ќе се активира моторот за да се стави автомобилот во движење, трепкачот автоматски се исклучува и останува исклучен сè додека моторот на автомобилот повторно не се изгасне (контакт-клучот изваден од контакт-бравата).

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1104
ИК: NE555
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.