Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Електронските уреди кои имаат способност да вклучуваат електрични кола под дејство на звучен бран се нарекуваат прекинувачи со гласовно активирање или VOX (Voice activated Switch). Традиционалните VOX уреди немаат способност да направат разлика при вклучувањето од глас или шум во сигналот добиен од звучниот бран. Заднинскиот шум во бучна гласовна средина доведува до лажно тригерирање кај овај тип на VOX прекинувачи. Уредот кој ќе биде опишан го нема тој недостаток: неговото активирање е со глас кој е над нивото на шум во струјниот сигнал и над нивото на заднинскиот шум. Логичкото препознавање на спектарот на амплитудите во сигналот добиен од гласовен говор и спектарот на заднинскиот шум доведува до интелигентно тригерирање само од гласовна информација.
Со VOX уредот за првпат се сретнав при поправката на еден мини-касетофон за снимање, токму таков каков што користат новинарите при интервјуа. Мојата љубопитност да погледнам во внатрешноста беше задоволена кога се запознав со интегрираното коло за гласовно активирање произведено од Моторола, фамозното MC2830. Толку солидно управуваше "мозочето" на диктафонот со повремените прекини во транспорот на касетата, што просто му позавидев на сопственикот. Желбата да се има вакво "ѓаволско вражуле" кое при секој мој збор ја придвижуваше лентата ме наведе без здив да ја прецртам шемата, а потоа и да го изградам уредот. Прекинувачот прекрасно функционира: осетлив е, нема лажни вклучувања ниту заостанување во активирањето, има добра временска константа со добар континуитет така што по престанок или подолги паузи во зборувањето не прекинува повремено. Ако го изградите, што верувам дека е лесно, уште полесно ќе му најдете соодветна примена.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.