Рубрика: Архитектура и градежништво
Топлински мостови во градежните конструкции (2)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога ќе се спомене терминот "топлински мостови" веднаш се наметнува асоцијацијата за нивното негативно влијание, што е сосема точно. Но, неминовното негативно влијание може да се толерира кај, според мојата лична терминологија, "бенигните" топлински мостови, кои многу малку ги зголемуваат топлинските загуби и не се причина за внатрешна површинска кондензација и појава на мувла. За разлика од нив, топлинските загуби низ "малигните" топлински мостови можат да бидат значително зголемени, во одредени случаи дури и да ги надминат загубите низ деловите на градежните конструкции без топлински мостови. Од тие причини, добро е тие да се класифицираат според нивната природа и генезата.

Во минатиот број на ЕМИТЕР потврдивме една вистина, дека не постои градежен објект (зграда) без топлински мостови. Најголем број топлински мостови се обични дводимензионални (2D), односно линеарни топлински мостови, кои се јавуваат при врските на два градежни елемента или на местата каде што се менува структурниот состав на градежниот елемент. Како последица на ова доаѓа до промена на топлинскиот проток и намалување на површинската температура од внатрешната страна на градежниот елемент.
Според природата на топлинските мостови и нивната генеза, можна е следната класификација: 1. Конструкциски топлински мостови, 2. Геометриски топлински мостови и 3. Конструкциско - геометриски топлински мостови

Ѕид со испакнат агол - изглед на изотерми

Ѕид со тап агол - изглед на изотерми

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.