Рубрика: Електроника
Симетричен микрофонски предзасилувач
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Некои засилувачи на моќност од домашните аудиосистеми немаат микрофонски влез. Решението е да се изработи микрофонски предзасилувач и тој да се приклучи на некој од линиските влезови на засилувачот. А кога веќе се одлучуваме на самоградба тогаш најдобар квалитет ќе добиеме ако тоа биде симетричен (балансиран) микрофонски предзасилувач. Токму таков предзасилувач ви нудиме во овој напис, а за негова реализација е потребен популарниот операциски засилувач NE5534 и неколку пасивни елементи.

Ако имате аудиозасилувач дизајниран само за асиметрични линиски влезови, и ако сакате на таков засилувач да му додадете микрофонски влез, оптимално решение е тој влез да биде симетричен (балансиран). Предноста на симетричниот влез е што теоретски тој е неосетлив на пречки од индукција на надворешни електрични извори, што е битно кај аудиоизвори со ниско излезно ниво, како што се динамичките микрофони, особено ако се употребува подолг приклучен микрофонски кабел. Едно можно решение за симетрирање на микрофонскиот влез е да се употреби влезен трансформатор, но, тој не е баш линеарен елемент. Во денешно време, во ерата на полуспроводничката технологија, оптимално решение за симетрирање на микрофонскиот влез е тој да биде дизајниран со операциски засилувач, со оглед на тоа дека тој вид засилувачи функционираат со симетричен (балансиран) влез. Според тоа тие засилувачи ја засилуваат разликата помеѓу сигналите на двата влеза, па се неосетливи на асиметричните пречки од надворешни извори. Токму таков микрофонски предзасилувач ви предлагаме во овој проект.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1032
ИК: NE5534
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.