Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При купувањето на нов автомобил, најзначаен критериум за да го одбереме токму тоа, нашето возило од соодветната класа, е дизајнот на каросеријата (пред сè, естетски да ни се допадне), потоа, додека е ново, или сè уште ново возилото, речиси никој не обрнува внимание на каросеријата и тоа трае сè додека не почнат да се појавуваат првите проблеми со беспрекорното функционирање на нејзините склопови и појавата на корозија. Дури во оваа, последна фаза од "првиот" живот на нашиот љубимец, кога поправките се долготрајни и скапи, стануваме свесни дека сето тоа можеше да се избегне или да се ублажи/одложи ако редовно ја одржувавме и навреме ја поправавме каросеријата. Токму за тоа ќе стане збор во овој текст. Се разбира, ќе прокоментирам и други интересни моменти поврзани со оваа тема.
Коректниот однос кон нашиот љубимец наложува повремено да ја контролираме состојбата на каросеријата и притоа, особено да бидеме ажурни кон појавата на корозија, лупење на бојата (фарбата), како и на нагмечувања или удари кон каросеријата. Ова значи дека при појавата на некој од овие проблеми треба веднаш да се интервенира. Одложувањата се погубни, затоа што природата на дефектите е кумулативна (сами од себе не се поправаат, а новите дефекти се собираат со старите) што резултира со брзо онеспособување на возилото и негово брзо пропаѓање.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.