Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Полначот овозможува полнење на една литиум-јонска батерија. Изграден е со стандардни електронски компоненти, автоматски го прекинува полнењето откако ќе се наполни батеријата, евтин е и сигурен во експлоатацијата. Може да се користи за полнење на литиум-јон батерии од мобилни телефони, фотоапарати, МП3 плеери и други електронски уреди што работат на "едноклеточна" литиум-јонска батерија.
Литиум-јон батериите се полнат за специјализирани полначи кои во суштина се стабилизирани извори на напон (constant voltage) со струјно константно ограничување (constant current). Напонот на стабилизираниот извор мора да биде точно 4,2V (± 0,5-1%). Незначително повисоките вредности го скратуваат животниот век на батеријата, а уште повисоките - лесно и бргу ја уништуваат батеријата. Иако постојат доста едноставни полначи со специјализирани интегрални кола за таа намена: LM3621 (http://www.national.com/images/pf/LM3621/10010707.pdf), SC824 (http://www.semtech.com/power-management/battery-chargers/sc824/) и др., одлучив полначот да биде изграден со стандардни електронски компоненти во дискретна техника, кои можат да се набават во сите продавници за електронски компоненти. Проектот е реализиран под сугестија на читателот Перица, а краток одговор на неговото писмо имаше во претходниот број на Емитер.
Излезен напон: 4,2V±1%; Струја на полнење: 500mA со можност за избор од 180 до 1200mA
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.