Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: Домашен мултимедијален центар
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сведоци сме на голема експанзија на портабл мултимедијални уреди кои освен репродукцијата на аудио/видео-содржини овозможуваат и поврзување и интеракција на ТВ-приемниците и уредите за домашно кино со компјутерските конфигурации во домот. Во овие студени зимски денови благодарејќи на Еми медиа имавме прилика да тестираме еден таков уред – Verbatim Media Station HD DVR.

Два или повеќе компјутери во еден дом поврзани во мрежа веќе одамна се сосема вообичаена појава. Наспроти нив се ТВ-приемникот и уредите за домашно кино. Меѓусебна комуникација? Со посредство на сопственикот, кој треба да донесе диск со видеодатотеки и фотографии, а кој претходно треба да го сними.
Мултимедијалните ПЦ-а со вграден ТВ/ФМ-тјунер се едно од решенијата. Но, практичноста ја нарушуваат неколку аспекти. Прво - потребата од безжични тастатура и глувче, кои треба секогаш да бидат при рака, а и некаде да бидат одложени кога не се употребуваат (но, пак, при рака). Второ, LCD ТВ-приемниците со поголема дијагонала се попожелни отколку класичните ТВ-приемници со оглед дека треба да служат и како монитори за секојдневното работење со компјутерот. Тука е и разликата во работните резолуции, која кај ТВ-приемниците е 720x576 пиксели. Трето, треба да се внимава дали имаат поддршка за целосен HD-формат (Full HD, 1080i/p). HD Ready (720p) моделите веќе се застарени и со ограничена употребна вредност. И четврто, времето на целосната искористеност на LCD ТВ-приемниците допрва доаѓа, така што нивната цена во моментов е доста висока за нашиот стандард. Поради тоа, старите добри катодни ТВ-приемници сè уште се во голема мера присутни во домовите и тоа како главен, не само како втор ТВ-приемник.
Портабл мултимедијалните уреди се без овие, да ги наречеме така, ограничувања. Поддршката за различни работни резолуции е сè поприсутна како се појавуваат сè понови и понови модели, а опцијата за мрежно поврзување отвора дополнителни можности.
Verbatim како бренд нема потреба посебно да се претставува. Тоа што е интересно е проширување на полето на дејствување, така што во последно време на пазарот се сè поприсутни и екстерни хард дискови чиј потписник е оваа компанија.
Појавата на компактни мултимедијални уреди е логичен след на настаните. MediaStation HD DVR ја продолжува приказната започната од претходниот модел, MediaStation PRO, кој постигна огромен успех на пазарот и беше прогласен како најдобар на пазарот. Дали е и негов наследник, ќе видиме во продолжение на текстот.

Технички карактеристики:

Приклучоци: HDMI, мини USB, 2xUSB 2.0 (по еден на предната и задната страна), 1x оптички и 1x коаксијален, композитен, тропински аналоген аудио/видео влез и аудио/видео излез, LAN
Тв-тјунер: аналоген и дигитален
Максимална видео резолуција: 1080i (1920x1080 пиксели)
Мрежа: безжична, LAN 100 MB
Екстензии на датотеки: MP4, MOV, XVID, AVI, DIVX, ASF, WMV, MKV, RM, RMVB, FLV, TS, M2TS, DAT, MPG, VOB
Видео кодеци: MPEG 1/2/4, VC-1 и H.264 (стримувано од компјутерот)
Аудио кодеци: MP3, AIFF, OGG, WAV/PCM/LPCM, AAC, FLAC, Dolby Digital
Капацитет на дискот: 500GB, 1 TB
Димензии и тежина: 65mm x 165mm x 210mm; 1,6 kg
Дистрибутер: ЕМИ медиа, тел.:02/ 3290-275, www.emimedia.mk, e-mail:info@emimedia.mk

 

Богатство на приклучоци, можности за безжично поврзување, складирање и што уште не....

Беспрекорен мрежен приста. Инстант преглед на видео-фајловите и фотографиите во посебен прозорец.

Згодно: приказ на актуелната брзина на трансфер преку мрежата.

Крајно поедноставен начин на копирање на датотеките.

Изглед на основното OSD мени.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.