Емитер 2/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Испитувањето со мерење на компресија е релевантна метода на автомеханичарите со која се дознава моменталната состојба на моторот. Резултатите имаат третман на доказ, а нивното толкување е пресудно за да се изведат вистинити заклучоци за дефектот и воопшто за општата состојба на моторот. Често се користи во автомеханичарската пракса: да не речам, "едно-две" и се пристапува кон мерење на компресијата на моторот. Како се мери компресијата на ото-моторите, на што треба да се внимава и како да ги протолкуваме добиените резултати ќе можете да прочитате во овој текст. Во вашата пракса не се стегајте и користете ја оваа метода секогаш кога се сомневате дека моторот е дооден или пак кога немирно работи, не може да се нагоди и нема силина.
Најнапред една забелешка дека сè што ќе кажам во овој текст се однесува за мерење на компресија за ото (бензински) мотор. Компресија се мери и кај дизелските мотори, но за тоа се потребни посебни манометри наменети за тие мотори и постапката за мерење е нешто посложена затоа што до компресиониот простор се приоѓа преку шприцалките (бризгалките), што е многу понеповолно. Но, да се вратиме ние на бензинските мотори и конечно да ја измериме компресијата на нашиот мотор и да ги протолкуваме добиените резултати.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.