Рубрика: Автомобилска техника
Промена на батерии на Tесла Mоторс
Автор: Томе Скендеровски
Објавено на 17.02.2015 - 14:36

Познатиот американски производител на електрични автомобили “Тесла Моторс” започна пилот-проект за брза замена на погонските батерии. За нешто повеќе од 3 минути се врши замената на празните батерии со полни. Најавуваат дека ова се првичните резултати и дека се работи оваа операција да се направи за помалку од една минута. Замената на батериите би чинела нешто помалку од полнење на празен резервоар со гориво на конвенционалните премиум лимузини.
Целата операција се извршува машински и автоматски (без присуство на човек). Автомобилот застанува над специјална автоматска платформа на ниво на патот. Со едноставни вретена малку се подига и оддолу специјална платформа се доближува до празните батерии, ги демонтира и ги спушта во бункерот. Веднаш потоа, следната платформа со полни батерии приоѓа и ги закачува полните батерии во нивното лежиште во автомобилот. Како тоа изгледа во практика можете да видите на приложените видеопрезентации на линкот www.autonet.hr
Со оваа пилот-програма треба да се испита корисноста и начинот на работа на системот како и да се процени побарувачката за оваа услуга. Доколку предвидувањата се остварат и има интерес, тогаш би се продолжило со формирање и ширење на мрежа на станици за замена на батериите.

Клучни зборови: