Емитер 2/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ние луѓето вообичаено мислиме дека нашиот систем за вид е на самиот врв од досегот на еволуцијата, но таа ги дарувала птиците со систем за колор визија којшто го надминува системот на сите цицачи, вклучувајќи го и човекот. Имено, за разлика од човекот кој боите ги распознава со помош на три типа пигменти во ретината на окото (чувствителни на сина, зелена и црвена боја), птиците имаат четири пигменти - за сина, зелена, црвена и ултравиолетова светлина.
Нашиот систем за вид ни овозможува да го чувствуваме просторот во три димензии и во него да детектираме објекти на далечина. И не само тоа, ние сме исто така способни да препознаваме други индивидуи, па дури и да ги "читаме" нивните емоции од изразот на нивните лица. Сепак, ние тешко можеме да замислиме посовршени сензорски еволутивни креации кои постојат кај некои други животни суштества, на пример, ноќниот лов на лилјакот, кој наоѓа ситни инсекти со слушање на ехото од неговиот сопствен високотонски сигнал. Или примерот со некои 'рбетници, надвор од класата цицачи, кои гледаат бои во ултравиолетовиот (УВ) дел од спектарот, невидлив за човекот. Сознанието дека некои суштества гледаат бои во УВ-подрачјето датира од 1882 год., кога англискиот природонаучник Џон Лубок (John Lubbock), инаку Дарвинов пријател, утврдил дека мравките ја препознаваат УВ-"бојата" како посебна боја, така што се однесуваат поинаку во простор каде што таа не е присутна во светлинскиот спектар. Сознанието го проширил австрискиот природонаучник Карл фон Фриш (Karl von Frisch) во 1900 год., докажувајќи дека мравките и пчелите ја користат небеската УВ светлина за ориентација како дел од небескиот компас.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.