Имајќи предвид дека животинските клетки продолжуваат да се делат во текот на целиот животен век на организмот, а секоја поделба носи ризик од создавање на канцерогена мутација, ова би требало да значи поголемите животни со подолг животен век се со поголем ризик од развој на рак. Но, ова не важи за слоновите. Иако слоновите се најголемите копнени животни, со просчна тежина на возрасните единки до 5500 килограми, тие имаат изненадувачки ниска стапка на рак, факт што со децении ги збунува научниците.
Според едно истражување објавено минатиот месец во Cell Reports, истражувачите откриле дека слоновите имаат “вишок” копии од два генa кои се справуваат со ракот: генот P53, којшто ги лови клетките со лошо копирана ДНК и генот LIF6, којшто ги брише мутираните клетки пред тие воопшто да имаат можност да формираат тумор. Кога истражувачите го провериле еволутивниот запис на гените, откриле дека генот LIF6 пред околу милиони години станал неактивен во ДНК кај слоновите, за потоа мистериозно да се врати во живот.
Истражувачите се надеваат резултатите од овие истражувања ќе можат да се искористат за да се пронајдат нови начини за лекување на рак кај луѓето.