Рубрика: Електроника
АСТРА: модел на интелигентен робот-истражувач
Автори: Игор Симевски, Л. Димитриевски, С. Матески, М. Цветковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Екипа од четворица студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) креираа модел на робот за испитување на терен непристапен за човекот. Роботот-истражувач Астра се базира на роботот RP6, на кој му се додадени GPRS-модем, RFID-читач, соодветни сензори и софтвер. Со тоа е добиен робот кој може автономно да се движи и ориентира во просторот, да исчитува информации од теренот и нив да ги испраќа до оддалечен оператор, односно до персонален компјутер којшто служи за контрола и за приказ на исчитаните параметри. Реализацијата на овој модел на екипата и донесе златен медал на меѓународниот натпревар "Хардвер и софтвер 2011".

Човекот отсекогаш сакал да навлезе во тајните на нашиот Сончев систем и пошироко во вселената. Развојот на науката и техниката во последните неколку децении го овозможил праќањето до оддалечени планети на роботи со разновидни сензори кои вршат најразлични испитувања и резултатите ги праќаат назад до Земјата. Овде се вбројуваат испитувањето на составот на почвата, атмосферата и сл. Овие испитувања роботот ги врши "полуавтономно", т.е. со делумно управување од човекот. Постојаното управување со роботот е оневозможено поради недостигот на постојана комуникација со операторот на Земјата, поради што роботот треба да поседува вештачка интелигенција со цел автономно извршување сложени задачи.
Екипа од четворица студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) составија ефикасен модел на овој вид роботи, кој освои прво место во конкуренција од седум екипи на меѓународниот натпревар "Хардвер и софтвер 2011" што се одржа во Нови Сад, Република Србија. Како основа е употребен роботот RP6, на кој му се додадени дополнителни сензори и GPRS-уред, со што е добиен робот кој ги има следните можности: препознавање на околината, исчитување информација од теренот, комуникација со оддалечен оператор и автономно движење со комбинација од механизми за навигација.

Главни елементи и материјали:

Интегрирани кола: ATMEGA32, dsPIC3DF4013, NE555;
Транзистори: IRF7390;
Оптокаплери: CNY70, SFH9202;
Останато: енкодери, жироскоп, IR сензори, GSM-модул, RFID-читач

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Роботот Астра со кој екипата на ФЕИТ освои златен медал на меѓународниот натпревар "Хардвер и софтвер 2011"

Екипата на ФЕИТ

Инфрацрвени сензори за движење врз основа на детекција и разликување црна/бела површина

Инфрацрвен предавател

Екипата на ФЕИТ со дипломите за освоено прво место.

Победничкиот робот со медалите


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.