Рубрика: Електроника
Заврши Неделата на роботиката на ФЕИТ и Робомак 2019
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 25.03.2019 - 11:30

Сите учесници во финалето на Робомак 2019. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје

Со финалниот натпревар во шест различни категории, којшто се одржа во саботата, 23 март, заврши 10-тиот Робомак 2019 година. Меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција се одржа во рамките на Неделата на роботиката, која ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Македонската секција на ИЕЕЕ. На натпреварот во Домот на АРМ се квалификуваа 22 од вкупно 29 екипи.

Неделата на роботиката беше организирана од ФЕИТ по повод 10 години организација на Робомак и 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

За студентот Сања Цветковиќ, дел од организацискиот тим на Робомак и член на Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ (Институт на инженери по електротехника и електроника), огромно е задоволството да се биде дел од ваков сериозен настан.

“Учесниците напорно работеа цела недела, речиси 12 часа дневно, но сето тоа беше многу интересно затоа што имаше многу дружење, работа и активности. Многу ми е мило што Робомак станува традиција, која ќе продолжи да се негува и надградува секоја година“, вели Цветковиќ.

За ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, “да се говори за роботи, да се создаваат машини со вештачка интелигенција, да се работи на машини кои размислуваат – тоа веќе не е новост ниту за нашите академски граѓани. Веќе 10 години, токму најинвентивните студенти на овој Факултетот, ја организираат манифестацијата Робомак и ги покажуваат и доближуваат најновите светски технолошки достигнувања пред нашата јавност“.

Победници на Робомак 2019 по категории се:

– ROBOTIC ARM: Благој Христов (ФЕИТ) и Владимир Илиќ (ФЕИТ);

– MAZE : Растко Тодоровиќ (ФТН, Нови Сад) и Никола Бранковиќ (ФТН, Нови Сад);

– LINE FOLLOWER : Лука Адамовиќ (ЕТФ, Белград) и Јелена Лалиќ (ЕТФ, Белград);

– AI FOOTBALL : Игор Наумовски (ФЕИТ) и Симеон Трендов (ФЕИТ) и Здравко Тодоров (ФЕИТ);

– SPHERO : Михаило Ристиќ (ЕТФ, Белград) и Софија Петровиќ (ЕТФ, Белград)

– SUMO: Андреј Биковски (ФЕИТ) и Борис Стевановски (ФЕИТ).

Како што веќе пишувавме оваа година за прв пат се организираше и категорија ROBOMAC Junior. Во оваа категорија учествуваа 36 селектирани ученици од четврта година од средните училишта во Република Македонија. Целта беше да се зголеми интересот за роботиката и за вештачката интелигенција меѓу средношколците во нашата земја, при што учесниците споделуваа знаења со наставниците и асистентите на Факултетот и со своите врсници – натпреварувачи. Исто така, имаа можност и за работа во тимови и работа со вистински роботи.

Robomac се одржа во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Оваа категорија траеше од 20 до 22 март (среда до петок). Учесниците се натпреваруваа во програмирање и управување на едукативни роботи eduRobot на компанијата Atronika, со цел роботите самостојно и најбрзо да изминат зададена патека со препреки.

Притоа, тие работеа во неколку фази: запознавање со роботите и софтверот потребен за нивно програмирање; склопување на роботите и програмирање на роботите, со што тие ќе се подготват за натпревар на финалната патека и финален натпревар меѓу различните групи.

Сите учесници добија благодарници за учество. Сепак, најдобри средношколци на натпреварот освоија награди:

– 1 место (златен медал): Андреј Трајанов (СЕТУГС Михајло Пупин, Скопје), Ана Ковачева (СУГС Никола Карев, Скопје); Ана Василева (СОУ Славчо Стојменски, Штип);

– 2 место (сребрен медал): Фидан Стоименов (СОУ Гошо Викентиев, Кочани); Андреј Цветковски (СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка); Јана Ристовска (СУГС Раде Јовчевски - Корчагин, Скопје);

– 3 место (бронзен медал): Стефан Ефтимов (СОУ Добри Даскалов, Кавадарци); Стефан Домазетовски (СУГС Орце Николов, Скопје); Стефан Стојановски (СУГС Георги Димитров, Скопје);

Повеќе детали за ROBOMAC и ROBOMAC Junior 2019 на www.robomac.mk.

Клучни зборови:
Сите учесници во финалето на Робомак 2019. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје

Сите учесници во финалето на Робомак 2019. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје

Финалето на Робомак 2019 се одржа пред преполна сала во Домот на АРМ Скопје

Финалето на Робомак 2019 се одржа пред преполна сала во Домот на АРМ Скопје

Дел од натпреварувачката атмосфера на финалето на Робомак 2019

Дел од натпреварувачката атмосфера на финалето на Робомак 2019

Публиката во салата беше во можност да го види секој детаљ од натпреварите со помош на видео-проекцијата во живо.

Публиката во салата беше во можност да го види секој детаљ од натпреварите со помош на видео-проекцијата во живо.

Наградените во категоријата ROBOMAC Junior. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје

Наградените во категоријата ROBOMAC Junior. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје

Подготовки за натпреварот. Фотографијата е преземена од ФЕИТ – Скопје