Емитер 9/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Максималната моќност, која може да ја развие класично конструиран засилувач на моќност со 12V напојување, изнесува 5-6W, што не е доволно за поквалитетна HI-FI репродукција. Поради тоа поизводителите прибегнуваат кон некој "поегзотични" решенија, како би добиле поголема моќност. Овде ќе опишеме едно Philips-ово ИК кое, благодарение на оригиналниот начин на работа, развива 30W при 12V напојување.
Прв применет начин за зголемување на моќноста бил користење на мостна спрега на засилувачите. Со овај начин може да се добие 12-16W на 4Ω звучник. Некои производители користат разни начини (најчесто инвертор на моќност) да го зголемат напонот на напојување, како би постигнале поголема моќност. За жал таквиот начин предизвикува силни интерферентни пречки во електричната инсталација на автомобилот, што може да биде погубно за останатите електрични уреди во автомобилот. Исто така се генерира голема топлина, па мора да се обезбеди додатно ладење.
Еден од начините за да се обезбеди голема ефикасност (мало загревање) на засилувачот е работење во класа G. Во оваа конфигурација постојат два извори на напојување со различни напони. Бидејќи во автомобилот постои само еден напон на напојување од 12V, Philips-овите инженери развиле посебен дериват на класата G, наречен класа H. Принципот е во тоа што се користат неколку кондензатори со голем капацитет, кои се полнат на напонот на напојување и при пиковите, со помош на електронски прекинувачи се врзуваат на ред со напонот на напојување, така што, во тие интервали, ефективно постои 24V. Таков напон може да обезбеди моќност од 80W/4Ω, односно 40W/8Ω.
Во претходниот број, во текстот за засилувач со интегрирано коло TDA1560Q, по грешка е објавена плочка на која е изоставен еден вод. Всушност, ножичките 6 и 12 се споени меѓусебе, како што и треба, али не се споени на маса. Коректната плочка ја објавуваме сега. Оние кои можеби веќе ја направиле плочката не мора да прават нова, доволно е со парче тенок проводник да направат спој помеѓу пинот 6 или 12 и масата било каде на плочката. Инаку, распоредот на компонентите останува ист.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.