Рубрика: Електроника
Дигитален волтметар со ICL 7107
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сé до неодамна ретко кој се впушташе во изработка на универзален дигитален инструмент односно на дигитален волтметар како негова основа. Скоро сите такви инструменти беа фабрички изработени, а со својата цена скоро и да не беа достапни на аматерите електроничари. Работите битно се изменија од моментот кога на пазарот се појавија интегрирани кола, специјално наменети за изработка на дигитални волтметри. Со нивна помош и десетина други компоненти денеска кој било електроничар, па дури и почетник, може брзо и едноставно да изработи дигитален волтметар а со тоа и својата мала лабораторија да ја збогати со квалитетен а пред се и ефтин мерен инструмент.

Зошто дигитален волтметар?
Во електрониката меѓу најчестите мерења се мерењата на напон и струја. Кај класичните мерни инструменти нивното мерење се отчитува на скала со стрелка која ја придвижува намотка во поле на перманентен магнет. Потребниот мерен опсег се избира со преклопник а отчитувањето на индицираната вредност и нејзино претварање во бројна вредност ја врши личноста која мери. Прецизноста на таквата конверзија зависи од класата на точност на мерниот инструмент и точноста на процена на индицираната величина. Исто така внатрешниот отпор на мерниот инструмент при мерење на еднонасочни величини најчесто изнесува 20к/V. Можеби на прв поглед таквиот внатрешен отпор изгледа многу голем, меѓутоа треба да се знае дека тој не е костантен и дека зависи од избраниот мерен опсег. Ако на пр. мерениот опсег е 0,1V внатрешниот отпор изнесува 2к а на мерниот опсег од 100V - 2М. Грубо кажано класичните инструменти при мерење на напон или струја енергијата за својата работа ја црпат непосредно од колото на кое се вршат мерењата. Па затоа таквите инструменти при мерење на потенцијални разлики во коло во кое течат мали струи се скоро неупотребливи, бидејки нивниот влијание во колото (внатрешниот отпор) предизвикува промена на струите и напоните во колото односно големи грешки на мерената величина.
Сите тие недостатоци на класичните мерни инструменти можат делумно или комплетно да се елиминираат со употреба на дигитални мерни инструменти.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.