Рубрика: Електроника
Автоматски телефонски преклопник
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Телефонијата во најопшта смисла денес бележи голем подем. Со цел читателите на списаниево да стекнат некои елементарни знаења од областа на телефонијата а воедно да изработат и некои практични уреди кои можат да ги користат во секојдневниот живот, од овој број на “Емитер”, започнуваме со серија на проекти и теоретски текстови поврзани со телефонијата. Првиот текст од оваа серија всушност претставува проект за изработка на уред кој е развиен уште од времето кога се развиени и првите автоматски телефонски централи. Станува збор за така наречениот автоматски телефонски преклопник, кој всушност може да се сведе на сите нам познатата “двојничка кутија”. Овој едноставен уред ќе ги реши сите ваши проблеми при врзувањето на два или повеќе телефони на една иста линија. Автоматскиот телефонски преклопник после подигање на слушалката на едниот автоматски го исклучува другиот телефонски апарат (односно останатите телефонски апарати) и со тоа ја елиминира можноста од прислушкување на разговорот од другиот телефонски апарат. Оние корисници на телефонските услуги кои се приклучени на централа со пулсно бирање можат да заборават на она непријатно “ѕврцкање” на паралелно приклучениот телефонски апарат при бирање на телефонските броеви, а оние кои поседуваат факс или модем ќе бидат изненадени од поголемата брзина на пренос на податоците. Уредот е многу едноставен така што и почетници можат да го изработат.

Приклучувањето на автоматскиот телефонски преклопник (во понатамошниот текст АТП) овозможува потполна назависна употреба на кој било од приклучените телефониски апарати. При приемен повик ѕвонат и двата телефонски апарати, а во моментот кога ќе се подигне слушалката на еден од телефонските апарати, другиот автоматски се исклучува. Истото се случува и кога вие сакате да се јавите некаде односно при подигање на слушалката на едниот телефонски апарат другиот телефонски апарат се исклучува. По завршетокот на разговорот и откако ќе се спушти слушалката, повторно двата телефонски апарати се подеднакво подготвени за нови повици.
Исто така важна карактеристика на овој АТП е таа што овозможува приклучување на два телефонски апарати според сите стандарди и прописи на македонските телекомуникации. Директното паралено приклучување на два или повеќе телефонски апарати на една претплатничка линија едноставно е забрането.
Од списокот на елементи даден на крај од текстот се гледа дека за изработка на АТП не се користат некои посебни елементи. Единствен проблем можеби ќе ви биде набавката на соодветни релеи. Според димензиите, изводите и нивниот распоред релеите сигурно се едни од најнестандардизираните електронски компоненти.
Доколку сте приклучени на централа со тонско бирање и ја користите таа опција при бирање на телефонските броеви, наместо електролитските кондензатори, вградете блок кондензатори од околу 100nF.
Доколку имате потреба од три или повеќе телефонски апарати, за да би можеле истите “независно” да ги поврзете на една иста линија постојат повеќе опции: со каскадно врзување или со изработика на сличен АТП наменет за три или повеќе телефони за што ви нудиме неколку решенија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.