Аудио и видеотехника

Претпоставувам дека на читателите ќе им биде интересно да им објаснам малку подетално за подготовките и текот на овие слепи слушни тестови. Првиот слеп слушен тест на Hi-Fi уреди во Македонија, објавен во ЕМИТЕР 5/97, беше пречекан со општо одобрување. Уште од почетокот одлучивме по никоја цена да не ги штимаме резултатите на тестовите, за да бидат слични со оние од странските Hi-Fi списанија.


Електроника

SGS-Thomson во својата нова производна програма воведе производство на монолитно интегрирано коло кое на својот излез може да развие моќност од 70 W без разлика дали оптоварувањето е 8 или 4W, со карактеристичниот целосен внатрешен дизајн во MOSFET технологијата. Високата стабилност како и прекрасниот фреквентен одзив, досега својствен само на засилувачите со електронски цевки, сега се во функција на градењето на домашен hi-fi систем кој може да ги задоволи дури и езотериците.


Аудио и видеотехника

Конструирањето на звучници наменети за гласно озвучување на голем простор (Public Address - PA) обично е сврзано со многу компромиси. Звучникот треба да биде со голема ефикасност и моќност, доволно длабок бас, мали димензии, мали изобличувања и по можност да не е многу скап. Сé ова заедно е невозможно да се постигне. Затоа треба внимателно да се испита намената на тие звучници и околностите на експлоатација, па дури после да се одлучи со кои карактеристики може да се направи компромис.


Електроника

Покрај познавање на теоријата и практиката од разни области на електрониката секој електроничар треба да има и добри познавања на мерната опрема и мерните постапки. Во претходните продолженија од оваа серија написи се запознавме со основната теорија за мерењата, со најчесто користените инструменти во електрониката и со користењето на универзалните инструменти. Во овој број ќе се задржиме на постапките при испитивање на главните карактеристики на засилувачите.


Аудио и видеотехника

На последниот NAB саем во Лас Вегас беше преставена новта генерација на мултитрак рекордери на Tascam меѓу кои се најде и моделот DA-98. Како наследник на успешниот модел DA88, новиот DA-98 донесува многу нови можности со кои што овој модел несомнено ќе ја достигне славата на своите претходници DA38 и DA88.


Електроника

Во последново продолжение од серијата на текстови за програмот ТАНГО ќе го опишеме практичното работење со модулот за цртање на печатени плочки (PCB). Тоа е модул кој најверојатно и најмногу ќе го користите, така што ќе ви дадеме и некои практични совети за употребата на некои битни команди.


Електроника

Телефонијата во најопшта смисла денес бележи голем подем. Со цел читателите на списаниево да стекнат некои елементарни знаења од областа на телефонијата а воедно да изработат и некои практични уреди кои можат да ги користат во секојдневниот живот, од овој број на “Емитер”, започнуваме со серија на проекти и теоретски текстови поврзани со телефонијата.


Електроника

Во ЕМИТЕР 5/97 објавивме информација за излегувањето на книгата “Мерење на тонската модулација” од Миле Серафимовски која, пред сé, е наменета за техничкиот персонал во тонските студија и радио и ТВ станиците. За да може поширок круг на читатели да се запознае со оваа проблематика авторот од својата книга подготви извадоци што ги објавуваме во неколку продолженија.


Аудио и видеотехника

Звучниците како дел од еден hi-fi систем претставуваат битен елемент кога е во прашање нивната јачина и квалитет во комбинација со големината и акустичките особини на просторијата во која се слуша музиката. Во многу домови се сретнуваат моќни hi-fi уреди чија снага достигнува до неколку стотини вати без оглед на големината на просторијата во која е сместен. Сето тоа е со цел да се добие што е можно погласна музика притоа не водејќи сметка за нејзината чистина, просторност и графичка убавина.


Електроника

Вообичаено користените 7805 или 7812, регулатори на напон со три изводи, се одлични во повеќето апликации. Велиме повеќето бидејки максималната излезна струја е ограничена на 1 A. Доколку имаме коло кое бара струја помала од 3 A, со додатен транзистор (T2 од сликата) ova може да си го дозволиме. Целото коло работи совршено но доколку се јави краток спој на излез струјата може да стане мошне голема. Ова се јавува како проблем особено кога се користат 7812, 7815 или 7824.


Електроника

Светлото во кабините на моторните возила, па и на новите модели е изведено така што истото се вклучува со помош на соодветни микропрекинувачи монтирани на вратите. Ова се случува во мигот кога ќе ја отвориме вратата на возилото. Тогаш светлото во кабината светнува, а со затворање на вратата истото моментално се исклучува.


Електроника

Овој напис го пишувам како дополнување на претходните написи за електронски палења, поради тоа што за добра работа на моторот е потребно покрај добра искра и “искра во вистински момент”, т.е. соодветен агол на претпалење.


Омнибус

Прирачник за аматерска радиогониометрија;
Правила за натпреварот CQ WW DX;
Календар на КБ-натпревари;
Правила за освојување на дипломата "S5-DIG";
VK0IR - Heard Island;
DXCC - рапорт;
100-те најбарани DXCC земји


Омнибус

HI-FI информации: Chord Legend, Jolida SJ 101 A, Sunfire True Subwoofer;
Jamo concert европски звучник на годината 97-98;
Yamaha MX 12/4;
Sennheiser HD 600;
Ниеден друг микрофон не слуша како Soundfield;
CD-а за повеќекратна употреба;
Конечно DVD;
Фемтосекундски ласер емитира во 206 канали одеднаш


Писма
Станица за радио - командувани модели
TV свртница