Рубрика: Електроника
Автомат за светло во кабината на моторните возила
Автор: Зоран Стојановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Светлото во кабините на моторните возила, па и на новите модели е изведено така што истото се вклучува со помош на соодветни микропрекинувачи монтирани на вратите. Ова се случува во мигот кога ќе ја отвориме вратата на возилото. Тогаш светлото во кабината светнува, а со затворање на вратата истото моментално се исклучува. Ваквиот начин на функционирање во многу случаи е непрактичен и затоа го изработив овој едноставен автомат за постепено гаснење на светлото на кабината во возилото, а истото ви го предлагам и вам.

Со овој автомат е овозможено постепено исклучување на светлото во кабината на вашето возило и по затворање на вратите и тоа во временски период од 1,5 до 3 минути (времето се подесува по желба). Додека светлото се исклучува полека, возачот и неговите сопатници имаат доволно светло во кабината така што е избегнато она непријатно чувство на моменталното присуство на темнина која се јавува веднаш по затворањето на вратата. Воедно очите имаат доволно време да се прилагодат на темнината, а покрај тоа и возачот и сопатниците можат да се подготват т.е. да ги постават сигурносните појаси, возачот да го стави клучот во контакт бравата и сл. Покрај тоа овој начин на гаснење на светлото во кабината е мошне корисен за ориентација во просторот ноќно време. Со овој автомат, ноќе кога излегуваме од возилото имаме доволно светло додека го напуштиме местото каде сме го оставиле истото. Ова е особено важно при излегување од возилото во гаража за да можеме без проблеми да стигнеме и да го запалиме гаражното светло.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.