Рубрика: Електроника
Школа за Танго (5. дел)
Автор: Слаѓан Митиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последново продолжение од серијата на текстови за програмот ТАНГО ќе го опишеме практичното работење со модулот за цртање на печатени плочки (PCB). Тоа е модул кој најверојатно и најмногу ќе го користите, така што ќе ви дадеме и некои практични совети за употребата на некои битни команди.

Овие текстови нека ви послужат само како основа за самостојна работа, а со работата ќе го стекнете и неопходното искуство и ќе откриете многу детали за кои овде немавме простор да ги опишеме. Работењето со PCB модулот ќе го објасниме на примерот со осцилаторот чија шема ја објавивме во второто продолжение. Колото е мошне едноставно (едно интегрално коло 555, два отпорника и два кондензатори), но низ овој пример може да се види употребата на најбитните команди. Слично како и кај SCH модулот, пред да започнеме со цртање, треба да извршиме подесувања кои се неопходни за комотно работење. Сите подесувања се наоѓаат во подменито SETUP (Communications, Display, DRC, Grids, Libraries, Options, Palette).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.