Рубрика: Електроника
"Полициски" трепкач
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали сте посакале светлосен уред кој трепка во ритамот на полициската светлосна сигнализација кога се огласува силната полициска сирена? Опишаниот уред со треперливо светење на 24 лед диоди во две матрични групи (бела и сина) дава светлосната емисија која личи на светлоста на полициските возила во акција. Прекрасниот визуелен ефект од светлосното треперење може да го збогати и комплетира амбиентот на продорната Коџак сирена, да го украси вашето возило или омилената детска играчка.

Има ли детско срце што не затреперило кога се огласил звукот на полициската сирена, пожарната или возилото за итна помош. Љубопитноста кулминира кога заедно со звукот на сирената ротационото светло ги заслепува детските очиња. Не верувам дека имало дете кое не посакало да има ваков полициски светлосен трепкач на својата играчка. Помина многу време, па затоа ретко кој си спомнува за ротационото светло на полициските возила, кое со мотор и преносен механизам во круг ја придвижуваше светлосната конзола составена од светилка и метализирана рефлективна сјајна површина зад неа. Ваквиот вид решение за сигнализација сè уште може да се види во криминалистичките серии кога возачот ја поставува мобилната ротациона светилка на покривот од возилото. Најчесто моторниот механизам во полицискиот трепкач е заменет со повеќе вертикални групи од стационарни лед диоди чија светлина виртуелно ротира управувана од електронски уред. Желбата е родена (поттикната од редовен читател на Емитер), идејата е тука, па ајде да почнеме. Знаеме што сакаме – светлосна сигнализација, полициско трепкаво светло токму такво какво што гледаме на американските полициски возила кога јуришаат по лошите чичковци. Ако погледнеме во светлосниот трепкач на полициско возило во некое филмче со полициска брканица, ќе го забележиме начинот на треперење на светлоста на светилките. Две групи на светилки, најчесто сини и бели (поретко сини и црвени), периодично светнуваат и се гаснат притоа треперејќи по два пати (поретко три) при секое светнување. Иако се сретнав со различни варијации во бројот на светнувањата, времетраењето на блесокот и честотата на повторувањето, крајната импресија на визуелниот ефект беше иста – трепкаво светло на полициска сирена во полициско возило, однапред веднаш препознатливо: два краткотрајни блесоци на сините светилки со кратка пауза помеѓу наредните два краткотрајни блесоци на белите светилки. Овај начин на светлосна сигнализација беше усвоен при изградбата на светлосен полициски трепкач, чиј извор на светло беше реализиран со лед диоди.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1106
ИК: NE555, CD4017
Транзистори: BC337
 
Демонстрација на работата на изработениот "полициски" трепкач

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.