Рубрика: Електроника
Репарација на неисправна батерија за лаптоп
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога батеријата од вашиот лаптоп не покажува знаци на живот и по неколку полнења, не очајувајте. Извадете го батериското пакување од вашиот лап топ, внимателно прочитајте го написот и пристапете кон операцијата на оживување. Доколку не успеете, не губите ништо. Замена на старата батерија со нова е секогаш можно, а да научите нешто ново е поголем предизвик. Овој напис ќе ви овозможи да се запознаете со анатомијата на едно литиумско батериско напојување, неговата дијагностика, неговата евентуална поправка и изградба на електронски уред за потполна контрола врз полнењето и празнењето на батеријата.

Батериското куќиште содржи три или четири батерии (понекогаш паралелно поврзани по две или три за да се зголеми вкупниот капацитет на батеријата), батериски конектор кој ја поврзува батеријата со лаптопот и минијатурна електроника која управува со полнењето и празнењето на батеријата.
Најнапред треба да се отвори батериското куќиште со помош на повторувани линеарни засекувања врз местото на спојот на пластичното батериско пакување. Кога ќе се пристапи во внатрешноста на куќиштето, треба да се измери напонот на сите батерии поединечно, да се воочат разликите на напонот помеѓу секоја од батериите. Доколку значајно се разликува, да се отстрани батерискиот елемент со најнизок напон. Батеријата чиј напон опаднал под 2,5 V секогаш има знаци на сериозно оштетување и мора да се промени.
Од мое искуство во репарација на повеќе од десет батерии за лаптоп, најчеста причина за неисправност на батеријата е неисправната електроника за менаџирање на батериите или потполна испразнетост на само еден од батериските елементи.
Со замена на неисправниот батериски елемент и/или електрониката за контрола на батеријата, вашата батерија за лаптоп ќе добие нов живот. Со селектирање на неколку претходно проверени батериски елементи од други неисправни батерии и електрониката за контрола на батеријата, ја репарирав батеријата за мојот лаптоп Compaq armada M700. Иако предложениот контролер нема софтверска поддршка за управување на полнењето преку компјутерот ниту препознавање на батеријата од негова страна, тоа не е причина да не се изгради овај релативно едноставен, но многу функционален уред со кој ќе ја оспособите вашата батерија за лаптоп.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1102

ИК: UCC3957;
транзистори: IRFR9120 и 2SWK1482;
зенер диоди: 1N4746A

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.