Рубрика: Електроника
Мултифункциски автомат за училишно ѕвоно ASB-GE (1)
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој автомат претставува хардверско решение на електронски уред кој автоматски го активира училишното ѕвоно. За разлика од веќе објавениот автомат, има далеку повеќе можности и поради тоа е многу посложен.

Не знам како е во другите држави, но имам впечаток дека во Македонија секое училиште по сопствена желба го одредува времетраењето на часовите и одморите помеѓу нив. Оттука, автоматот за училишно ѕвоно објавен во декемврискиот број на ЕМИТЕР минатата година е тешкоупотреблив за голем број наши училишта. Тој е едноставен и симпатичен, но има ограничени можности во поглед на изборот на времетраењето на часовите, времетраењето на одморите и распоредот на одморите помеѓу часовите. Овој автомат е универзален. Наменет е за сите училишта, и за оние што работат само во една смена и за оние што работат во две смени. Со чекор од 5 минути овозможува избор на времетраењето на секој временски период, било да се работи за одмор, час или пауза помеѓу смените, од нула до 45 минути. Освен тоа, со додавање на преклопници овозможува едноставно префрлање од редовна настава на настава со скратени часови. Се разбира, сите овие придобивки во однос на веќе објавениот автомат се резултат на зголемената комплексност. Од друга страна, и овој автомат има две ограничувања: може да се користи само во училиштата кои во една смена имаат точно седум часа и два последователни временски периоди (час и одмор) не можат да имаат исто времетраење.

Главни елементи и материјали:

ИК: CD4541, CD4017; CD4512, CD4520, CD4071, CD4073, CD4093, MC1455; Релеи: 12Vdc и 230Vac

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.