Енергетика
Кина го направи првиот чекор кон докажување на техничката изводливост за користење на ресурсите од ториум во системите на реактори засновани на течна ториумска сол. По речиси 15 години ригорозно истражување, Кина конечно пронашла начин за “отклучување” на речиси неограничената количина на нуклеарна енергија преку претворање на ториум во ураниум со нивниот експериментален реактор заснован на течна ториумска сол (TMSR), се вели во извештаите објавени оваа недела. TMSR реакторот од два мегавати беше развиен во пустината Гоби од страна на Шангајскиот институт за применета физика при Кинеската академија на науките и е единствениот што успеа да го постигне овој историски подвиг во конверзијата на гориво.
Објавено на 07.11.2025 - 17:15

Информатика
На 21 и 22 ноември 2025 година WITCON 2025, конференцијата за вештачка интелигенција, технологија и иновации, ќе обедини 59 светски говорници и над 450 интернационални делегати од повеќе од 60 земји, визионери кои ја редефинираат иднината на дигиталниот свет.
Објавено на 07.11.2025 - 15:00

Роботика
Научници од Јужна Кореја конструираа вештачки мускул кој може да крева околу 4000 пати поголема тежина од сопствената. Се смета дека откритието ќе има примена во развојот на хуманоидни роботи на иднината.
Објавено на 07.11.2025 - 14:30

Енергетика
Последниве децении интересот на истражувачите за нуклеарната фузија интензивно расте бидејќи се работи за огромен потенцијал. Само една чаша гориво има енергетски потенцијал еднаков на 4 милиони литри нафта и може да произведе околу 9 милиони kWh електрична енергија, доволно за напојување на еден дом повеќе од 800 години, проценуваат научниците.
Објавено на 06.11.2025 - 17:30

Медицина
Возраста не е смртна пресуда за интелектот, туку нова фаза на негово расцутување. Според истражување објавено во списанието Intelligence, врвот на менталните способности на човекот доаѓа не во младоста, туку во зрелоста, приближно на возраст од 55-60 години. Научниците тврдат дека мозокот со години не ја губи силата, туку се трансформира, зајакнувајќи ја врамнотеженоста, мудроста и емоционалната стабилност.
Објавено на 06.11.2025 - 14:15

Медицина
Со години, милиони луѓе ширум светот го земаат мелатонинот како наједноставен пат кон мирен сон. Во аптеките и маркетите тој се продава како безопасен додаток што го смирува умот и го подготвува телото за одмор. Но, едно ново истражување претставено на Научните сесии на Американската асоцијација за срце 2025 отвора едно непријатно прашање: дали навиката што многумина ја сметаат за безопасна може да го загрози најважниот мускул во телото – срцето?
Објавено на 05.11.2025 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Истражувачите решија загатка стара околу 70 години во сончевата физика: како надворешната атмосфера на Сонцето, короната, може да достигне температури од милиони степени целзиусови, додека неговата видлива површина (фотосферата) само околу 5500 °C.
Објавено на 05.11.2025 - 11:30

Омнибус
Трудот на истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, со наслов „Technical and Techno-Economic Feasibility Analysis of a University-Scale Virtual Power Plant“, е добитник на Third Best Paper Award на меѓународната конференција ICRERA 2025 – International Conference on Renewable Energy Research and Applications, одржана во Виена, Австрија, во периодот од 27 до 30 октомври 2025 година.
Објавено на 04.11.2025 - 15:15

Климатологија
Едно ново истражување покажува дека австралиските тропски шуми сега испуштаат повеќе јаглерод во атмосферата отколку што го апсорбираат. Настанот е опскурно предупредување за глобалните последици од климатските промени и предизвиците пред COP30.
Објавено на 04.11.2025 - 12:15

Аудио и видеотехника
Викендов во Битола се одржа 33. Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ИФАДФ) Камера 300. Оваа година освен квалитетната селекција, фестивалот нè потсети и на еден значаен јубилеј – 120 години од креирањето на првиот филмски запис на овие простори...
Објавено на 03.11.2025 - 16:15

Pages