Медицина
Во периодот од март 2023 до јули 2024, германски истражувачи спровеле рандомизирано, плацебо контролирано клиничко испитување на азеластин, стар широко достапен антиалергиски спреј за нос, како превентивна интервенција против ковид инфекција. Заштитата од симптоматски ковид достигнала импресивни 72% додека спрејот бил 54% успешен во спречување на инфекции од не-ковид респираторни вируси.
Објавено на 05.09.2025 - 23:00

Енергетика
Многу пати во минативе неколку години пишувам за проблемите за снабдување со електрична енергија, а најмногу за недостигот од државни капацитети за базно производство бидејќи РЕК Битола е пред скоро затворање заради старост на опремата и исцрпените резерви на јаглен. Потребни се нови државни хидроелектрани (ХЕЦ Чебрен и др.) и гасни когенеративни централи.
Објавено на 05.09.2025 - 21:30

Омнибус
Скопје се соочува со проблемите типични за средно големите градови – премногу автомобили, премалку простор и буџет што не може да поддржи грандиозни проекти
Скопје се буди секое утро во сообраќаен хаос. Колони автомобили ги исполнуваат тесните булевари, свирките ечат, а воздухот станува сè потежок за дишење. Со околу 600 000 жители во поширокото градско подрачје, Скопје се соочува со проблемите типични за средно големите градови – премногу автомобили, премалку простор и буџет што не може да поддржи грандиозни проекти. Во потрага по решение за оваа урбана главоболка, градските власти често разгледуваат различни системи за јавен превоз. Но, сите тие не се подеднакво соодветни за град со ограничена инфраструктура и недоволни јавни финансии.
Објавено на 03.09.2025 - 14:30

Омнибус
Во следниов напис го разгледуваме приближниот процес за добивање battery grade литиум хидроксид од литиумска руда. Од приближно 40 t руда (1,5% Li₂O) се добиваат околу 10 t концентрат (6% Li₂O), односно крајно околу 1 t LiOH•H₂O (батери-грејд материјал за катоди). Во процесот за ова количество се користат 5-10 t концентрирана сулфурна киселина...
Објавено на 31.08.2025 - 16:30

Енергетика
Енергетската криза од 2022 година, која беше најизразена во Европа (вклучувајќи ја и Република Македонија), предизвика турбуленции во економијата и финансиски загуби. Но, од друга страна таа е добродојдена, особено во нашата земја. Имено, големите и средни потрошувачи на електрична енергија кои ја купуваат електричната енергија на отворен пазар, заради високата цена проценија дека повеќе им се исплати да инвестираат во инсталирање на сопствено производство. Во неколку претходни стратегии за енергетски развој на Република Македонија е предвидена изградба на државни когенертивни гасни централи, но тоа не е реализирано...
Објавено на 29.08.2025 - 12:45

Информатика
Google претстави нова функција на личен тренер за здравје со помош на вештачка интелигенција, развиена со помош на нивниот систем Gemini, како дел од апликацијата Fitbit.
Објавено на 29.08.2025 - 12:00

Медицина
По многубројните стории објавувани на глобалните социјалните мрежи за пренамена на стари лекови за успешно лекување на рак во последните година-две, за што пишувавме во Емитер во март и мај годинава, конечно пред неколку дена е објавен труд што опишува три случаи кои се лекувале успешно со антипаразитскиот лек фенбендазол. Се работи за тројца пациенти со напреднат рак (стадиум 4) – вклучувајќи рак на дојка, простата и меланом, од кои двајца постигнале целосна, а еден речиси целосна ремисија. Сите тројца го толерирале фенбендазол без никакви пријавени несакани ефекти, а ремисијата била одржана во текот на периодите на следење кои се движеле од 11 месеци до речиси 3 години.
Објавено на 22.08.2025 - 14:30

Енергетика
Заради неинформираност, незнаење или од други причини, на многу згради од јавен или комерцијален карактер се инсталирани индивидуални клима уреди така што на фасадите на тие згради се ставени голем број надворешни единици. На тој начин надворешниот изглед е нарушен и од естетска и од архитектонска гледна точка, а тоа не е добро. Веднаш да кажам дека во најголем број случаи постои погрешен пристап кога треба да се стави уред или систем за климатизација...
Објавено на 22.08.2025 - 13:15

Медицина
“ Снимен драматичен момент од човечкиот развој: момент кога ембрионот се “вгнездува” во матката ” — ова е насловот на новата студија објавена во Science Advances, во која научниците од Институтот за биоинженерство на Каталонија (IBEC) во Барселона, Шпанија, успеаа да снимат видео кое ја прикажува критичната фаза на имплантација на човечки ембрион.
Објавено на 20.08.2025 - 14:00

Телекомуникации
Решавање со векторски метод Вертикалната антена со голема капацитивна капа, наменски направена за експерименти на долги бранови, со примена на двочлени трансформатори на импеданса успешно е прилагодена за работа на радиоаматерските бандови 160 m (1,8 MHz) и 80 m (3,5 MHz).
Објавено на 16.08.2025 - 19:45

Pages