Информатика
Компјутер и човечки мозок комуницираат преку употреба на чип... Научна фантастика? Не повеќе. Neuralink, старт-ап компанијата во сопственост на Илон Маск, би можела да дојде на чекор од поврзување на главите на група волонтери со неговите компјутери, со цел да ги натера да комуницираат во реално време со вештачката интелигенција. А неодамна, за да го стори ова, компанијата доби “амин” и од американската Агенција за храна и лекови (FDA).
Објавено на 12.06.2023 - 13:15

Медицина
Одамна не сме ја разгледале состојбата со одвишната смртност над очекуваната сезонска смртност. Големите бројки на починати од ковид се дефинитивно зад нас, па веќе можеме да подвлечеме црта и да го измериме конечниот црн биланс на епидемијата на ковид-19 во Македонија. На крајот ќе видиме и за колку години во просек им бил скратен животот на починатите од ковид.
Објавено на 10.06.2023 - 15:15

Медицина
Поради една ретка состојба, поврзана со Алцхајмеровата болест, еден човек се чувствува заробен во бескрајна временска јамка – ги преживува истите настани и ги гледа истите луѓе одново и одново. Нешто слично како во “Денот на мрмотот”, филмот од 1993 година.
Објавено на 09.06.2023 - 16:30

Медицина
Абстрактен приказ на РНК
Необична генетска карактеристика можеби е причина за критични генетски мутации кои би можеле на крај да доведат до појава на рак, но и на други болести. И не е нешто поврзана со надворешниот свет, а веројатно ниту е наследена од родителите. Всушност, се работи за проблем што едноставно се појавива во клетките на целиот жив свет – како кај луѓето така и кај нашите животински, растителни и габични роднини, па дури и меѓу едноклеточните организми.
Објавено на 09.06.2023 - 13:45

Астрономија и астронаутика
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА детектираше столб од водена пареа исфрлен од сатурновата месечина Енцелад, кој се протегал во должина од преку 9600 километри, должина приближно еднаква на три четвртини од дијаметарот на Земјата.
Објавено на 09.06.2023 - 12:15

Информатика
Општоприфатено мислење е дека препознавањето на отпечатоци од прст е прилично безбеден метод за автентикација. Сепак, од време на време има публикации за различни начини на кои е можно да се измамат сензорите за отпечатоци. Но, сите овие методи на еден или друг начин се сведуваат на физичка имитација на прстот од сопственикот на телефонот, без разлика дали се користи силиконска подлога или отпечатен отпечаток од прст. Тоа значи дека напаѓачот мора да има висококвалитетна слика за отпечатокот од прст, и тоа а не каков било отпечаток туку оној што е регистриран во системот.
Објавено на 08.06.2023 - 12:30

Биологија
Едно истражување за прерано стареење, спроведено со глувци, покажа дека дишењето на воздух во кој има ниски концентрации на кислород овозможува до 50% подолг живот... кај истите глувци Луѓето отсекогаш биле во потрага по еликсирот на животот и методите што би ни овозможиле поздрав и подолг живот. Некои неодамнешни истражувања покажаа дека за продолжување на животниот век на клетките во нашето тело, корисни може да бидат одредени лекови како метморфинот, лек наменет за лицата кои страдаат од дијабетес, или пак мешањето на три различни лекови како што се рифампицин, рапамицин и алантоин.
Објавено на 07.06.2023 - 12:45

Омнибус
Советот на министри на Европската унија го повика блокот да имплементира модел на академско-издаваштво „без плаќање“ што нема да носи никаков трошок ниту читателите ниту за авторите. Препораките, дел од збирот принципи за објавување научни трудови, усвоени од советот на 23 мај, не се правно обврзувачки и беа поздравени од некои членови на академската заедница. Но, претставниците на издавачите велат дека предлогот е нереален и дека советот не навел некои клучни детали, меѓу кои и како би се финансирал еден таков модел.
Објавено на 07.06.2023 - 12:15

Информатика
Daktela Chatbot ја претставува најновата еволуција во интеракцијата со корисниците на контакт центарот. За разлика од класичните, кои работат врз основа на воспоставено сценарио, тој нуди софистицирани алгоритми за контекстуално расудување и решава проблеми слични на луѓето. Способен е да остварува 1700 повици во минута. Дали ова ќе ја потисне потребата од оператори?
Објавено на 06.06.2023 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Меѓународен тим од научници пронашол докази кои укажуваат дека планетите можеле да се формираат за време на таканареченото „космичко пладне“. Во нивната студија, објавена во списанието Nature Astronomy, групата користела податоци од вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) за проучување на дел од Малиот Магеланов Облак за да дознае повеќе за развојот на планетите околу младите ѕвезди.
Објавено на 05.06.2023 - 14:30

Pages