Првенецот на Снежана Каначки од Србија, научно-фантастичниот роман „Поларис – последниот град“, деновиве го доби првото македонско издание. Жанровски романот може да го сместиме како младинска дистописка фантастика, жанр кој се стекна со популарност на почетокот на овој век, особено со успехот на книжевните серијали “Игри на гладта” (2008) од Сузан Колинс и “Дивергентни” (2011) од Вероника Рот, кои имаа и мошне успешни филмски адаптации.