Новите алатки и вештачката интелигенција ја доведоа академската заедница во ситуација која до пред некое време не можеше ниту да се замисли. Од една страна, вештачката интелигенција дава огромни можности, а од друга страна огромен простор за злоупотреба. Турнитин е една од најефикасните алатки за откривање плагијат, копирани делови од текст или цитати од други луѓе. Како вештачката интелигенција да стане добар слуга, а не лош шеф?