Астрономија и астронаутика
Фотографијата, направена на 30 септември од сателитите Коперник Сентинел-2 (Copernicus Sentinel-2) на ЕСА, го покажува протокот на лава од вулканот што минатиот месец еруптираше на шпанскиот остров Ла Палма. Каскадата од лава може да се види како се влева во Атлантскиот Океан, со што се проширува и големината на крајбрежјето. Оваа “устие” на реката од лава било со површина од околу 20 хектари во моментот кога е направена оваа фотографија.
Објавено на 05.10.2021 - 12:00

Информатика
Најнапред го воведоа биткоинот како платежно средство, а сега и ќе го “копаат”. Користењето геотермална енергија за биткоин мајнинг можеби и не е толку лоша идеја. Станува збор за зелена, достапна енергија, која во голема мера ги намалува трошоците на рударство.
Објавено на 04.10.2021 - 18:45

Историја и археологија
Уметничката визија на сликарот Џон Мартин за уништувањето на Содом и Гомора
Античкиот град Тал ел-Хамам, во долината на реката Јордан, се смета дека бил уништен од астероид кој навлегол во атмосферата на Земјата со брзина од околу 60 000 километри на час и експлодирал на околу четири километри над површината. Пред 3 600 години, Тал ел-Хамам бил голем град, дури трипати поголем од неговите современици Ерихон и Ерусалим. Градот бил важен урбан центар сè додека, во 1 650 година п.н.е., не бил целосно уништен – најверојатно од експлозивната енергија која била со јачина еквивалентна на околу илјада атомски бомби слични на онаа фрлена врз Хирошима.
Објавено на 04.10.2021 - 14:15

Медицина
Според податоците за бројот на починати од најновиот месечен билтен бр. 9/2021 на Државниот завод за статистика, можеме да ја пресметаме најновата статистика за одвишната смртност (односно реалната смртност од ковид-19) од 1.4.2020 до 31.7.2021.
Објавено на 02.10.2021 - 14:00

Наутика
За првпат во светот, минатата недела научници пилотираа дрон-пловило опремено со камера во внатрешноста на ураган од категорија 4 што се движеше преку Атлантскиот Океан. Зашеметувачките снимки од малечкото пловило што во внатрешноста на ураганот Сем се бори со 15-метарски бранови и ветер со брзина од над 190 km/h, беа објавени од страна на американската Национална администрација за океани и атмосфера.
Објавено на 01.10.2021 - 15:30

Воена техника
Развиено во Соединетите американски држави, ова не-смртоносно оружје го оневозможува разговорот и ги збунува непријателите, благодарение на вешто користење на ехото.
Објавено на 30.09.2021 - 14:00

Информатика
Иако новата функционалност ветува подобрување на приватноста на Whatsapp, досегашната работа на истражните органи ширум светот ја става под знак прашалник вистинската доверливост на апликацијата.
Објавено на 30.09.2021 - 13:00

Медицина
Ја разгледуваме врската помеѓу 14-дневната инциденца на новозаразување и опфатот со вакцинација по градови. Иако пресметковно се добива извесен коефициент на негативна корелација, дополнителните анализи покажуваат дека корелацијата не е статистички значајна. Со други зборови, поголем опфат со вакцинација нужно не значи помала инциденца на заразување...
Објавено на 29.09.2021 - 18:00

Електроника
Светот се движи кон економија преплавена од сензори, каде милијарди уреди ќе бидат опремени со повеќе сензори и меѓусебно поврзани во Интернетот на нештата. Важен дел од оваа економија се светлинските, односно фотосензорите – мали електронски компоненти засновани на полуспроводниците, кои ја детектираат светлината и ја претвораат во електрични сигнали. Фотосензорите веќе се присутни насекаде околу нас, од електронските гаџети во домаќинството и медицинската опрема па сè до автомобилте и и системите за оптички комуникации.
Објавено на 29.09.2021 - 11:45

Психологија
Добри вести за “радио Милевите” од нашето соседство. Едно неодамнешно истражување открива дека озборувањето има и позитивни аспекти – создава социјални врски и овозможува индиректно да го запознаете светот, виден низ очите на другите.
Објавено на 28.09.2021 - 16:30

Pages