Оваа година за првпат имаме можност нашите читатели директно да ги информираме за настаните од конференцијата ИДФ во Сан Франциско, која секоја година во септември се одржува во овој град. Имено, благодарение на нашите деловни соработници, Примарк комуникации, официјалната PR-агенција на Интел за Mакедонија, ЕМИТЕР ексклузивно ќе земе учество во овогодишната конференција која ќе се одржи од 11 до 13 септември во Сан Франциско (САД) и од самото место ќе ги информира своите читатели за неколку од десетините настаните кои го одбележале тековниот ден. Задоволството е уште поголемо бидејќи ЕМИТЕР е единственото списание од Македонија кое директно ќе ги следи овие настани, а неговите читатели ќе ја имаат повластената можност да се информираат директно, од прва рака, за овој, еден од најзначајните настани во годината од сферата на информатичката технологија