Физика
На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет – Скопје, се одржа мастерклас на тема ‘CERN, the Large Hadron Collider and Future Particle Accelerators’
Објавено на 30.09.2025 - 13:00

Астрономија и астронаутика
JWST обезбеди неверојатен увид во SIMP-0136, самотна планета оддалечена приближно 20 светлосни години од Земјата.
Објавено на 29.09.2025 - 16:15

Медицина
Во јули беше објавена првата популациска кохортна студија од Италија, а веќе излезе од публикација и нова, многу поголема студија од Јужна Кореја која ги потврди загрижувачките резултати: вакцинираните со Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Џенсен имале статистички значајно повисоки стапки на заболеност од повеќе видови рак во однос на невакцинираните. Сигналот е конзистентен за сите типови вакцини, за двата пола и за различни возрасни групи.
Објавено на 28.09.2025 - 21:15

Медицина
Квалитетот на воздухот што го дишеме е повеќе од актуелно прашање, не само во месец во кој се изнадишавме сeкаково ѓубре што беше ослободено во атмосферата од повеќе запалени депонии. Имено, врската помеѓу она што го дишеме и нашето здравје е директна и таа одново и одново се поткрепува со научни докази. Најново во низата – дишењето на високо загаден воздух видливо го влошува текот на Алцхајмеровата болест...
Објавено на 26.09.2025 - 13:15

Телекомуникации
Z31RQ/P на работната позиција кај напуштената метеоролошка станица на Попова Шапка. Лево се гледа самиот врв Попова Шапка и викенд-населбата.
Во неделата, 21.9.2025 година во 14 часот е одржана рекордна радиоврска помеѓу нашите радиостаници Z31RQ/P (Дејан) и Z32TW/P (Николче) на растојание од 118,1 km на фреквенција од 10,386 GHz (на X-band, односно 3 cm радио бранови).
Објавено на 25.09.2025 - 12:15

Астрономија и астронаутика
СЛС ракетата (Space Launch System – SLS) на НАСА е подготвена да го лансира вселенскиот брод Орион со екипаж од астронаути кон Месечината. Мисијата Артемида 2 (Artemis II) на НАСА ќе означи историски момент: за првпат по повеќе од педесет години, четири астронаути ќе летаат околу Месечината. Тоа ќе биде пробен лет со екипаж, за кој се очекува да трае приближно десет дена, и ќе претставува одлучувачки чекор кон враќањето на човештвото на површината на Месечината и, прва попатна станица кон “освојувањето” на Марс.
Објавено на 24.09.2025 - 18:45

Екологија
Група истражувачи од Србија работи на создавање сосема нова, научно базирана алатка за проценка на влијанието врз животната средина – калкулатор за јаглероден отпечаток за производи од стакло, што би можело да помогне за вкупната количина на стакленички гасови што се испуштаат во атмосферата да се намали на нула.
Објавено на 24.09.2025 - 17:30

Омнибус
Вештачката интелигенција брзо менува сè, вклучително и авторските права. Станува сè потешко да се направи разлика помеѓу дело создадено од човек или она создадено со вештачка интелигенција. Како да се надминат овие предизвици и законски да се регулира употребата на вештачката интелигенција?
Објавено на 23.09.2025 - 13:30

Енергетика
Неодамна списанието “Порта 3“ објави обемно интервју со Ристо Цицонков, редовен професор на Машински факултет – Скопје, каде работи 40 години. Во интервјуто професорот говори за проблемите на енергетската ефикасност, проблемите на ефикасно и економично греење и ладење на просториите, начинот на којшто неефикасните топлификациски решенија влијаат на аерозагадувањето, како и за останатите проблеми од оваа сфера. Во продолжение ви проследуваме дел од ова интервју...
Објавено на 22.09.2025 - 17:30

Медицина
Два скрининга по цена на еден? Нов систем со вештачка интелигенција може да го предвиди кардиоваскуларниот ризик на пациентката врз основа на нејзините мамографски снимки. Истражувањето опишано во научното списание Heart предлага искористување на рутинскиот медицински преглед како можност за дополнителен скрининг на жените, на возраст кога кардиоваскуларните заболувања се почести, а превенцијата се занемарува.
Објавено на 19.09.2025 - 16:45

Pages