Рубрика: Астрономија и астронаутика
Се отвори златното око на вселенскиот телескоп Џејмс Веб
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 10.01.2022 - 12:30

Вселенскиот телескоп склопен и подготвен за пакување во носот на ракетата Аријана 5, пред полетување.

По активирањето на сончевиот штит неколку дена претходно, новиот вселенски телескоп, којшто претставува зеднички потфат на НАСА, ЕСА и ЦСА, успешно ја помина можеби најкритичната точка на неговото патување до втората Лагранжеова точка. Отворањето на огромното позлатено огледало во облик на цвет го претставува последниот чекор во целосното отворање на “оригамито”, по што ќе се извршат повеќе технички тестови за да се провери фунционирањето на инструментите на опсерваторијата пред таа да пристигне на целта.

Последниот сегмент од шест и пол метарското примарно огледало беше поставен на место во саботата, со команда испратена од контролниот центар на мисијата сместен во Балтимор, САД. Со ова заврши сложениот процес на расклопувањето на вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

Како што веќе пишувавме (види тука и тука), вселенската опсерваторија Џејмс Веб е далеку помоќна од вселенскиот телескоп Хабл и поскапа. Телескопот вреден 10 милијарди долари треба да овозможи поглед низ просторот и низ времето сè до светлината од првите ѕвезди и галаксии што се формирале пред 13,7 милијарди години. За да се овозможи ова, НАСА го опреми Веб со најголемото и најчувствително огледало што некогаш било лансирано – неговото “златно око“, како што го нарекуваат научниците.

Најризичната операција се случи на почетокот на неделата, кога се отвори сончевиот штитник со големина на тениско игралиште, којшто обезбедува заштитна сенка за огледалото и инфрацрвените детектори. Контролорите на летот во Балтимор почнаа да го отвораат примарното огледало во петок, најнапред отворајќи ја левата страна. Атмосферата беше сè уште напната во саботата при отворањето нa остатокот. На кратко работата во контролната соба беше прекината со весели извици и аплауз кога и десната страна се отвори и постави на свое место, по што контролорите веднаш се вратија на работа, прицврстувајќи сè. Кога целата операција беше целосно завршена успешно дојде до експлозија од насмевки, аплаузи, честитања.

Главното огледало на Веб е израбптено од берилиум, лесен, но цврст метал којшто е отпорен на екстремно ниски температури. Секој од осумнаесетте сегменти на огледалото е обложен со ултратенок слој од злато, коешто обезбедува висока рефлексија на инфрацрвената светлина.

Во наредните недели ќе се изврши прилагодување на поставеноста на шестоаголните сегменти од огледалото, своевидно калибрирање на огледалото при што на крајот оптиката на телескопот ќе усогласи да функционира како единствен објектив што ќе се насочи кон ѕвездите, галаксиите и вонземските светови кои можат да содржат атмосферски знаци на живот.

Веб би требало да пристигне на целта, во втората Лагранжеовата точка (L2) оддалечена 1,6 милиони километри, за околу две недели. Опсерваторијата веќе измина повеќе од 1 милион километри од Земјата. Наскоро, треба да следи корекција на курсот, една од трите планирани, којашто  ќе  овозможи прецизно поставување на телескопот во орбита околу L2. Ако сè продолжи како што треба, научните набљудувања со телескопот Џејмс Веб треба да започнат уште ова лето.

Ако сте расположени да го следите до крај патувањето на телескопот и неговото закотвување во орбита околу L2, повеќе информации може да прочитате тука

Клучни зборови:
Вселенскиот телескоп склопен и подготвен за пакување во носот на ракетата Аријана 5, пред полетување.

Вселенскиот телескоп склопен и подготвен за пакување во носот на ракетата Аријана 5, пред полетување.

Уметничка визија на вселенската опсерваторија во вселената

Уметничка визија на вселенската опсерваторија Џејмс Веб во вселената

Како изгледаше расклопувањето на примарното огледало на телескопот во контролниот центар на мисијата во Балтимор