Геологија
Кога ќе помислиме на пустина, најверојатно замислуваме бескрајни пространства од песок, жештина и речиси никаква вегетација. Но, пустините можат да изгледаат и сосема поинаку. Еден од најнеобичните примери се наоѓа далеку на север – во Канада.
Објавено на 12.08.2026 - 19:15

Астрономија и астронаутика
Денес, 12 август 2026 година, Земјата е сведок на еден од најфасцинантните небесни спектакли во овој деценински циклус. По речиси три децении чекање, целосно затемнување на Сонцето повторно ќе биде видливо од просторите на Европа, нудејќи им на милиони луѓе ретка можност да го доживеат денот претворен во ноќ. Но, колку спектакуларно ќе изгледа настанот ќе зависи од тоа каде се наоѓаме.
Објавено на 12.08.2026 - 13:15

Информатика
Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, смета дека човештвото веќе влегло во ерата на таканаречената технолошка сингуларност – момент кога вештачката интелигенција почнува да ги надминува човечките интелектуални способности. Според него, овој процес веќе е во тек и претставува позитивен чекор за иднината.
Објавено на 11.08.2026 - 18:15

Биологија
Едно од најголемите досега нерешени прашања во науката е прашањето за настанокот на животот. Како на младата Земја од неживата материја се изнедрило нешто што можеме да го наречеме живот засега е сѐ уште е во најголем дел мистерија. А сега, згора на сѐ, едно ново истражување предлага дека клучниот премин од нежива хемија кон биологија можеби не се случил само еднаш во раната историја на Земјата, туку најмалку двапати.
Објавено на 10.08.2026 - 18:30

Медицина
– Од белешките за книгата „Како размислува еден епидемиолог“ – Во јавноста повторно се поставува прашањето: дали дваесетина лабораториски потврдени случаи на Западнонилска треска значат епидемија? Прашањето изгледа едноставно, но епидемиолошкиот одговор бара малку повеќе размислување. Зошто? – Го...
Објавено на 10.08.2026 - 15:15

Информатика
Само што оваа не го поместува времето како во научната фантастика — таа го оживува. Може да ве врати милиони години наназад, да ве прошета низ Охрид кој повеќе не постои, да ви овозможи да разговарате со луѓе кои одамна не се меѓу нас, да влезете во исчезнати храмови и светилишта, да ги слушнете приказните на Охридското Езеро и, на крајот од патувањето, да погледнете кон Охрид кој сè уште не постои.
Објавено на 07.08.2026 - 22:15

Електроника
Кина повеќе не е само фабрика на светот. Денес таа се позиционира како една од водечките сили во областа на вештачката интелигенција, истражувањата и развојот на напредни технологии. Патување низ кинеските мегаградови Шенжен, Донггуан и Чонгчинг покажува како земјата гради технолошки екосистем што има амбиција да ја постави на самиот светски врв.
Објавено на 07.08.2026 - 16:30

Колумна
На јавните медиуми секој ден презентираат временска прогноза во која претежно се прикажани температурите во градовите според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во овие жешки денови за Скопје се прикажува максимална дневна температура од 40 о С, но дали вредноста на оваа температура е веродостојна за целиот град? Мене особено ме интересира колкава е температурата на локацијата каде што е моето место на живеење.
Објавено на 07.08.2026 - 15:30

Информатика
Huawei официјално ја претстави втората генерација на својот преклоплив лаптоп MateBook Fold Ultimate Design, кој носи неколку значајни подобрувања во однос на моделот од минатата година. Новиот уред останува фокусиран на премиум сегментот, но добива помоќен процесор, подобрен механизам за преклопување и нови софтверски можности.
Објавено на 06.08.2026 - 13:30

Научна фантастика
Во поглед на квалитетниот СФ оваа декада имаше што да понуди, буквално за сечиј вкус. ’80-тите ги проширија и надградија серијалите на Ѕвездени патеки (Star Trek), Војна на ѕвездите (Star Wars) и Лудиот Макс (Mad Max), а донесоа и мноштво незаборавни сај-фај класици – Вонземјанинот (E.T.), Гремлини (Gremlins), Летот на навигаторот (Flight Of The Naigator), Осмиот патник 2 (Aliens), Створ (The Thing), Враќање во иднината (Back To The Future), Терминатор (Terminator), Истребувач (Blade Runner), Трон (Tron), Предатор (Predator), Мува (The Fly), Истерувачи на духови (Ghostbusters), Тркач (The Running Man), да споменам само неколку од најлегендарните наслови од жанрот. Но, тука нема да зборувам за нив. Наместо ова ќе ви дадам препорака за неколку други помалку познати научно-фантастични филмови од оваа декада што сметам дека вреди да ги погледнете, иако специјалните ефекти не се ништо посебно ако се споредат со ова што го гледаме денес.
Објавено на 05.08.2026 - 22:45

Pages