Во овој период секојдневно слушаме “СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!” СРЕЌА – Што всушност значи овој поим? За него честопати мислиме дека е имагинарен, дека е привилегија само на најбогатите, најинтелегентните, најубавите… Стручно кажано среќата е емоционална состојба во која човекот се чувствува убаво и исполнето, за разлика од задоволството кое има покусо траење. И среќата и задоволството имаат минлив карактер, но за разлика од задоволството среќата е повредно, подлабоко чувство.