Информатика
Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, организира настан на тема Game Design. Се работи за втор настан во низата организирана во склоп на MGI Meetups Presents бесплатни настани посветени на сегменти од развивањето на видео игри.
Објавено на 10.06.2024 - 17:45

Информатика
Можеби сè уште не сме сфатиле, но интернетот можеби е мртов. Според една нова теорија, интернетот и социјалните мрежи повеќе не постојат – тие се заменети со содржина генерирана од вештачка интелигенција и лажни кориснички сметки на социјалните мрежи, кои манипулираат со јавното мислење. Вака работите ги објаснуваат група австралиски компјутерски инженери од Универзитетите во Сиднеј и Мелбурн, постулатори на теоријата позната како Теорија на мртов интернет (англ. Dead Internet Theory).
Објавено на 10.06.2024 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Вселенското летало Старлајнер (Starliner) на Боинг, кое во моментов е закачено за Меѓународната вселенска станица, пред докингот забележа две истекувања од хелиум. И покрај ова, засега се смета дека ситуацијата е стабилна и не загрижува.
Објавено на 07.06.2024 - 14:00

Астрономија и астронаутика
Тестот на вселенското летало Ѕвезден брод (Starship) на Спејс Екс (SpaceX) беше успешен – фазата на контролирано повторно влегување во атмосферата за бустерот помина совршено, а и остатокот од мисијата беше подеднакво задоволителен. Овој четврти пробен лет на системот, спроведен вчера, претставува огромен скок за компанијата на Маск
Објавено на 07.06.2024 - 13:30

Информатика
Belgrade Blockchain Week, втора година по ред, ги собира некои од најпознатите имиња во блокчејн индустријата. До 9 јуни во рамките на оваа конференција ќе се одржат неколку десетици настани посветени на едукација, вмрежување и размена на искуства за најновите трендови и предизвици во Web3 индустријата.
Објавено на 06.06.2024 - 13:00

Информатика
Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24-тиот меѓународен натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу дванаесетте финалисти, врвни таленти кои влегоа во годинешното натпреварувачко финале.
Објавено на 06.06.2024 - 13:00

Медицина
Истражувачи планираат да повлечат историски значаен труд за Алцхајмеровата болест поради дотерување на податоците презентирани во него. Еден од авторите го призна постоењето на манипулирани податоци во студијата што за првпат поврза една специфична форма од амилоид протеинот со оштетување на меморијата
Објавено на 06.06.2024 - 12:30

Автомобилска техника
Пред само половина век на технологијата што доаѓаше од Јапонија се гледаше со сомнеж, но кон крајот на 70-тите и во 80-тите години, компаниите како Toyota, Honda, Nissan и Mazda почнаа да бидат ценети од возачите поради нивната ефикасност, ниската цена и високата стапка на технолошки иновации. Експертите од индустријата сметаат дека овој феномен може да се повтори и со кинеските електрични автомобили кои во иднина би можеле да доминираат на пазарот на Стариот континент.
Објавено на 04.06.2024 - 19:15

Астрономија и астронаутика
Горниот модул од кинеската лунарна сонда Chang'e-6 денес, 4 јуни, успешно полета од далечната страна на Месечината, носејќи со себе примероци од лунарната почва што треба да се вратат на Земјата. Државната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи ја кинеската Национална вселенска агенција(CNSA), го опиша настанот како „ невиден подвиг во историјата на човечкото истражување на Месечината “. А и не се далеку од вистината. Резултатот – во брзината на реализирање, е светски прв, и претставуа најнов пробив во повеќедецениската вселенска програма на Пекинг, која има за цел да испрати човечка мисија на Месечината до 2030 година.
Објавено на 04.06.2024 - 18:45

Физика
Група научници од Технолошкиот институт Џорџија создале антибактериски нерѓосувачки челик којшто не треба да се третира со хемиски агенси или антибиотици. Материјалот е прекриен со долги наноскопски игли со кои металот буквално ја „пробива“ клеточната мембрана на бактериите, убивајќи ги. Детали од студијата се објавени во списанието за нанотехнологија Small.
Објавено на 04.06.2024 - 18:15

Pages