Автомобилска техника
Конечно јапонскиот бренд за автомобили Мазда ќе го претстави својот нов SUV со три реда на седишта во кој може да се сместат осум патници. Типот на возилото е Mazda CX-90.
Објавено на 03.02.2023 - 14:15

Историја и археологија
Рачните секирите се една од најдолго користените алатки во историјата на човештвото. Речиси 600 рачни секири изработени од опсидијан, стари најмалку 1,2 милиони години, се пронајдени во Етиопија во ист јаз, што укажува на присуство на праисториска „каменорезна работилница“. Притоа за изработка на камените рачни секири, кои честопати се нарекуваат и „првиот голем изум на човештвото“, се користела специфична техника за обработка на каменот со делкање.
Објавено на 02.02.2023 - 11:15

Астрономија и астронаутика
Кометата C/2022 E3 (ZTF) над планината-вулкан Етна.
Кометата која е актуелна деновиве се вика C/2022 E3 (ZTF) и благодарение на лошата интерпретација во медиумите и порталите предизвика бура во јавноста во очекување дека ќе има спектакл на небото. Кометата е тип на долготрајна комета на која и се потребни неколку десетици илјади години за да направи еден круг околу Сонцето. Ваквите комети се ретки, но не толку ретки како што се претставени во медиумите.
Објавено на 01.02.2023 - 13:30

Омнибус
Превозот на опасни товари отсекогаш бил исполнет со предизвици и опасности, а примери за несреќи при превозот на чувствителен товар има во изобилство – сè уште е свежа несреќата на вагонот со амонијак што неодамна се преврте во близина на Пирот во Србија. Но што ако изгубениот опасен товар е мошне ситен и не може да се лоцира така лесно. Мала и смртоносна радиоактивна капсула беше изгубена (а денес и пронајдена) во австралиската пустина. Што содржи таа, која е нејзината намена и како воопшто се случи таа да заврши на улица?
Објавено на 01.02.2023 - 11:15

Информатика
На 6 февруари во 18 часот, во рамките на настанот IT Career Day, Семос Академиите ги отвораат вратите виртуелно, за квалитетна едукација и старт на меѓународна кариера за сите заинтересирани низ цела Македонија.
Објавено на 01.02.2023 - 10:15

Астрономија и астронаутика
Магнетарот со скромно име SGR 1935+2154 привлече големо внимание кога во октомври 2020 година одеднаш ја успори брзината со која ротираше. Неколку дена подоцна беа детектирани три брзи радио изблици (FBR), додека во текот на еден месец потоа и пулсни радиобранови што потекнуваа од истата област. Една ново истражување понуди одговор што би можело да се крие зад ваквото однесување на магнетарот.
Објавено на 31.01.2023 - 14:30

Информатика
Една од водечките IT компании во светската iGaming индустрија, македонскиот BtoBet, се стекна со регулаторна дозвола што ќе и овозможи да почне да ги понуди своите услуги и водечка технологија на пазарот во Северна Америка.
Објавено на 31.01.2023 - 13:45

Хемија
Еден патоген на шеќерната трска го произведува најмоќниот антибиотик за супербактерии детектиран во последните децении и мошне корисно ќе биде да разбереме како тој функционира. Во оваа насока размислувале и научниците, па растителниот токсин со ветувачки антибиотски својства сега може да го развие својот целосен потенцијал, благодарение на студијата која подетално го проучила неговото делување.
Објавено на 30.01.2023 - 17:15

Информатика
Четботот ChatGPT со вештачка интелигенција (ВИ) којшто го фасцинира речиси целиот свет со своите “промислени” одговори на специфичните прашања, како способноста да продуцира програмски линии без грешка и истовремено да дебатира на философски, политички и какви сè не прашања, ете токму тој сега се јавува наведен во листата на автори на најмалку четири научни трудови што се објавени или чекаат да бидат објавени. Појавата поттикна дебата во кругот на уредниците на научните списанија, научната заедница и издавачите за местото на ВИ алатката во публикациите, како и колку е соодветно четботот да биде наведен во листата на автори.
Објавено на 30.01.2023 - 08:15

Омнибус
Дигиталната трансформација постојано создава нови трендови, од начинот на кој ги примаме информациите, стекнуваме нови вештини, комуницираме, ги организираме нашите дневни состаноци, до тоа како го поминуваме слободното време.
Објавено на 27.01.2023 - 15:30

Pages