Денот Д за префрлување на радио и ТВ сигналите од Новиот радио-телевизиски дом беше 27 септември 1986 година, во 24 часот. И покрај сите направени подготовки, секогаш се поставуваше прашањето дали ќе се појават некои непредвидени технички проблеми и колкав ќе биде прекинот на програмата. На општо задоволство, прекинот на програмата беше само неколку секунди. Тоа беше факт што сите нас кои во тие моменти учествувавме во потфатот нè направи особено горди.