Астрономија и астронаутика
Оваа црно-бела фотографија од Марс е направена од една навигациските широкоаголните камери на роверот Журонг.
Само неколку дена по слетувањето на површинат на Марс, роверот Журонг (Zhurong) на Кинеската вселенска агенција, којшто беше именуван според богот на огнот од кинеските приказни, ги испрати првите две фотографии од површината на Црвената планета – една црно-бела фотографија и ‘селфи’ слика во боја!
Објавено на 21.05.2021 - 13:45

Омнибус
Милијарди долари во момент испарија откако масовната продажба на криптовалути предизвика голем пад на вредноста на биткоинот, етериумот и другите криптовалути.
Објавено на 21.05.2021 - 12:00

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 170 години од раѓањето на Емил Берлинер, познат по изумот на грамофонот и грамофонските плочи, 15 години од официјалното завршување на градежните работи на браната Три Клисури, 94 години од денот кога Чарлс Линдберг полета преку Атлантикот кон Европа, и 89 години откако по неговите стапки тргна Амелија Ерхарт...
Објавено на 20.05.2021 - 17:00

Електроника
Патентите на Никола Тесла и до денешни дни предизвикуваат интерес и воодушевување. На 21 февруари 1916 година Тесла го пријавил патентот за т.н. “валвуларен канал” (valvular conduit) – еднонасочен вентил за течности без подвижни делови! Во суштина тоа е цевка со сложена внатрешна конструкција што ја принудува течноста да се движи претежно во една насока. Кога течноста се влева во устата на “петелките” (еден вид кружни повратни канали изработени во ѕидовите на цевката), станува турбулентна и забавува, со што се подзапира протокот. Но, ако се води течноста во друга насока, таа не влегува во “петелките” на начин да забавува и затоа тече слободно. За појаснување на текстот најдобро е да се погледа видеото дадено во прилог.
Објавено на 20.05.2021 - 14:30

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 15 години од отворањето на една од најпрепознатливите продавници на Епл сместена во Њујорк во форма на голема стаклена коцка; 278 години од претставувањето на новиот Целзиусов термометар и 111 години од најинтимната безбедна средба помеѓу Халеевата комета и Земјата...
Објавено на 19.05.2021 - 17:15

Екологија
Група истражувачи во соработка со неколку институции во Холандија и една во Германија создаде список од 1000 реки низ целиот свет кои придонесуваат за најголемиот дел од пластиката во светските океани. Во трудот објавен оваа недела во списанието Science Advances, групата го опишува нивното истражување на факторите коишто придонесуваа за пластиката да заврши во океанот и на методите што ги користеле за да откријат кои од реките најмногу придонесуваат за зголемувањето на количеството пластика во океаните.
Објавено на 19.05.2021 - 12:00

Омнибус
Во денешниот времеплов славиме 310 години од раѓањето на еден од најголемите и најсестрани научни умови на неговото време – Руѓер Јосип Бошковиќ, одбележуваме 41 година од ерупцијата на заспаниот вулкан на планината Света Елена и 68 години од денот кога за првпат една жена леташе побрзо од звукот ...
Објавено на 18.05.2021 - 22:30

Аеронаутика
Системот за автономно делување беше лансиран со беспилотното тактичко летало Kratos UTAP-22
Минатиот месец американското воено воздухопловство спроведе успешен пробен лет на беспилотното летало коешто за прват користи комбинација од автономен хардверски /софтверски пакет. Пакетот, којшто треба да биде сместен во Скајборг (Skyborg) леталото, би овозможил “ тесна соработка ” помеѓу пилотирано и беспилотно летало.
Објавено на 18.05.2021 - 17:15

Телекомуникации
WorldDAB е глобална асоцијација одговорна за дефинирање и промовирање на DAB / DAB +. Членството вклучува радиодифузери, регулатори, производители на автомобили, мрежни оператори, даватели на технологии и производители на опрема од 100+ организации и 33 земји. Минатата година се случија низа настани кои обезбедија јасен доказ за напредокот на стандардот.
Објавено на 18.05.2021 - 14:00

Медицина
Пред да разгледаме било што, нај напред да кажеме дека за тој што ќе прими вакцина, секоја вакцина е воглавно добра. Дискусијата која следи се однесува на (не)постигнувањето колективен вакцинален имунитет, односно за можноста за заразување на невакцинираните (со сите проблеми што заразувањето ги носи, вклучувајќи и смртен исход) од страна на неуспешно вакцинираните со нискоефикасни вакцини.
Објавено на 16.05.2021 - 20:45

Pages