Вселенското летало Луна-25 излезе од месечевата орбита во саботата, на 19. август, по што се урна на површината на Месечината. Јуриј Борисов, шефот на Роскосмос, објави дека главна причина за падот на Луна-25 била аномалија во работата на моторот. Наместо планираното активирање на потисните мотори да трае 84 секунди, моторот работел 127 секунди. Овој дополнителен импулс предизвикал Луна-25 да удри во Месечината, изјави Борисов за ТВ-куќата Русија 24. Луна-25 требаше да работи најмалку една година на површината на Месечината.