Аеронаутика
Еурофајтер Рафал патролира во пар
Во изминатиот период доста земји од Балканот и пошироко се одлучија да ја модернизираат својата борбена флота со авиони ловци од 3/ 4 генерација. Тоа веќе го реализираа Грција и Хрватска, а неодамна и Србија се одлучи за замена на своите авиони Миг-29 со посовремени.
Објавено на 27.10.2022 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Уметнички приказ на мисијата М1 на 'чекор' до Месечината
Додека американците се натегаат со проблеми со хардверот и временската прогноза при лансирањето на мисијата Артемида, во меѓувреме една јапонска компанија најави дека наскоро ќе ја лансира првата од серијата вселенски мисии кон Месечината.
Објавено на 26.10.2022 - 13:45

Екологија
Кога би биле наредени еден врз друг, некористените мобилни телефони би достигнале височина од 50 000 километри, или 100 пати поголема висина од онаа на којашто се наоѓа Меѓународната вселенска станица, објави истражувачкиот конзорциум WEEE. Експертите процениле дека повеќе од пет милијарди мобилни телефони, од вкупно 16 милијарди колку што се проценува дека постојат во светот, ќе бидат отпишани или фрлени оваа година. Имајќи го ова предвид, експертите побараа рециклирање на материјалите што ги тие содржат, пренесува AFP.
Објавено на 25.10.2022 - 15:45

Астрономија и астронаутика
Утре, на 25 октомври, делумното затемнување на Сонцето ќе може да се набљудува од поголемиот дел од Европа, северна Африка, Блискиот Исток и западните делови на Азија. Кај нас овој настан ќе може да се набљудува од целата територија на Македонија, се разбира ако нè послужат временските услови. Целиот настан ќе трае нешто помалку од два часа.
Објавено на 24.10.2022 - 22:15

Информатика
Најавата за настанот
На 20-ти Октомври во хотелот Александар Палас беше одржан Autodesk Digital Transformation Day (ADTD). Настанот беше најавен како BIM бесплатна конференција, во живо, и онлајн, на платформата Zoom. BIM (Building Information Modeling) е принцип кој се применува кај проектирањето на градби, и тука ќе застанам. Иако корисник на AutoCAD од 2003, тргнав на конференцијата само со „Што значи кратенката BIM“, дека е првенствено алатка наменета за архитектите, и дека како принцип се имлементира примарно преку Autodesk – апликацијата Revit, и други апликации од истиот производител...
Објавено на 22.10.2022 - 23:00

Биологија
Гените кои можеби помогнале за преживување во време на Црната смрт сега се поврзуваат со низа автоимуни нарушувања.
Објавено на 21.10.2022 - 13:30

Екологија
Сателитска фотографија од Големото Солено Езеро
Како што известува Геолошкото друштво на Америка, екосистемот на Големото Солено Езеро во Јута е во опасност од колапс што може да се случи во рок од неколку години.
Објавено на 21.10.2022 - 12:45

Биологија
Научниците од колеџот Тринити во Даблин веруваат дека нашиот мозок може би работи со квантн и пресмет ки . Нивното откритие доаѓа откако тие ја адаптирале идејата развиена за да го докаж е постоењето на квантната гравитација за истраж ување на човечкиот мозок и неговата работа.
Објавено на 20.10.2022 - 13:15

Медицина
Човечки неврони и синапси, илустрација
Човечките неврони трансплантирани во мозокот на новородените стаорци растат и формираат врски со мозочните клетки на глодарите, интегрирајќи се со нив.
Објавено на 19.10.2022 - 14:15

Аеронаутика
За потсетување, мисијата Ред Бул Стратос докажа дека човекот може да ја помине брзината на звукот при слободен пад. Емитер, секако, на своите читатели им ја пренесе сторијата во детали во написот “Скокови од работ на вселената” објавен во ЕМИТЕР 11/2012. Сега, 10 години подоцна, спонзорот на овој историски настан, Ред Бул, нè почести систе со документарец што открива нови детали за подготовките и изведбата на скокот...
Објавено на 19.10.2022 - 11:15

Pages