Информатика
Samsung ја најави новата функција наречена Message Guard која на корисниците ќе им овозможи заштита од малициозен и од шпионски софтвер при таканаречените напади без кликнување. Од Самсунг велат дека решението „превентивно“ ги штити уредите на корисниците со „ограничување на изложеноста на невидливи закани маскирани како прилози за слики“.
Објавено на 20.02.2023 - 16:45

Аеронаутика
Одржливиот хибиден воздушен брод-суперјахта Air Yaht.
Во историјата на воздухопловство постоеле и биле во функција т.н. летачки бродови – дирижабли и цепелини (именувано по фабриката на Цепелин). Леталата најнапред биле употребувани во воени цели, за време на Првата Светска војна, а потоа и како луксузни патнички летeчки бродови. Но, еден трагичен настан привремено ја запечати комерцијалната примена на овие пловила на база на лесен воздух водород – несреќата на Хинденбург што се случи на 6 мај 1937 година во Њу Џерси при што загинаа сите патници и членови на екипажот. Со примената на гасот хелиум наместо водородот којшто е лесно запалив, како да дојде до ренесанса на овие воздушни летала.
Објавено на 20.02.2023 - 15:00

Астрономија и астронаутика
Сатурн е познат по своите прстени кои се највпечатливите во Сончевиот систем. Но, иако оваа планета е лоцирана во нашето соседство и иако неговите прстени се проучуваат многу одамна, сепак тие сè уште кријат многу тајни. Но величествените прстени на Сатурн не се единствените што им задаваат главоболки на астрономите. Во Сончевиот систем има и прстенести системи што со своето постоење пркосат на досегашните сфаќања за нивно формирање. За што се работи?
Објавено на 17.02.2023 - 13:30

Научна фантастика
Научната фантастика за која велешанецот Љубомир Михајловски пишува е област која со неговите дела ја збогатува светската книжевна ризница со цел да го освести човештвото за најголемата опасност на неговото постоење, од мрачната старана на човековиот ум. Вчера, 16.2.2023, во Медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, беше промовирана енциклопедијата „Во светот на научната фантастика“ – прво вакво дело од областа на теоријата и историјата на научната фантастика на македонски јазик.
Објавено на 17.02.2023 - 13:15

Сеизмологија
Сателитските снимки открија дека страшните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари создале два мошне долги расцепа во земјиштето. Двете огромни пукнатини во земјината кора се отворија во близина на турско-сириската граница. Расцепите ги набљудуваа и проучуваа истражувачи од Центарот за набљудување и моделирање на земјотреси, вулкани и тектоника (COMET) во Обединетото Кралство, кои ги забележале раседите со споредување на сликите од областа во близина на брегот на Средоземното Море, направени пред и по разорните земјотреси, од сателитите на ЕСА Сентинел-1 и Сентинел-2 наменети за набљудување на Земјата.
Објавено на 16.02.2023 - 14:00

Автомобилска техника
Возилото на компанијата Zoox во сопственост на Амазон е невообичаено по тоа што нема волан, ниту педали за гас, ниту пак сопирачки. Голем број автомобилски и технолошки компании развиваат и тестираат автономна технологија и автомобили, но малкумина од нив можат да се пофалат дека нивните беспилотни автомобили учествуваат во јавниот сообраќај. Досега само компаниите Waymo и Crusie добија регулаторни дозволи на неколку американски пазари, а сега и Амазон се пофали со тоа како нивната компанија Zoox ќе може да превезува патници на јавните патишта во Калифорнија со роботизирани такси возила.
Објавено на 15.02.2023 - 14:15

Физика
Научниците од Лабораторијата за микро, нано и молекуларни системи при Институтот за медицински истражувања Макс Планк и Институтот за инженерство на молекуларни системи и напредни материјали при Универзитетот Хајделберг создадоа нова технологија за составување на материја во 3Д. Нивниот концепт користи повеќе акустични холограми за да генерира полиња на притисок со кои може да се испечатат цврсти честички, гел-мониста, па дури и биолошки клетки. Овие резултати го отвораат патот кон нови техники на 3D клеточни култури со примена во биомедицинскиот инженеринг. Резултатите од студијата беа објавени минатата недела во научното списание Science Advances.
Објавено на 14.02.2023 - 12:45

Телекомуникации
Kако што најавивме во статијата “Светски ден на радиото“, Емитер излегува со иницијатива да направиме наша, македонска виртуелна изложба на фотографии од стари радиоприемници на наши читатели, за одбележување на Светскиот ден на радиото.
Објавено на 13.02.2023 - 18:00

Телекомуникации
„... бидејќи војните започнуваат во главите на луѓето, во главите на луѓето мора да се изгради и одбраната на мирот“. Токму ова е причината зошто поддршката на независното радио треба да се гледа како составен дел на мирот и стабилноста. На Светскиот ден на радиото во 2023 година, УНЕСКО го истакнува независното радио како столб во спречувањето конфликти и изградбата на мир.
Објавено на 13.02.2023 - 14:00

Информатика
Минатиот викенд, од 3 до 5 февруари, се одржа 11-тото издание на Global Game Jam Македонија во организација на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Настанот се одржа во 2 града, Скопје и Битола. Домаќин во Скопје беше Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а во Битола компанијата за развивање на видео игри Kamai Media. Global Game Jam е своевиден хакатон на кој во текот на 48 саати се креираат игри на зададена тема. Се одржува во исто време низ целиот свет и на него се вклучуваат десетици илјади учесници од речиси секоја земја. Темата на Global Game Jam 2023 беше "Roots" односно "Корени". Во Македонија имаше над 100 учесници – професионалци, студенти и ентузијасти, а беа направени вкупно 20 игри од кои 17 во Скопје и 3 во Битола.
Објавено на 10.02.2023 - 17:15

Pages