Информатика
Најавеното бришење на неактивни сметки на Gmail ќе започне на 1 декември. Ова значи дека Google може да ги брише и сите содржини и податоци поврзани со неактивниот корисник – сите информации што се складираат на серверите на Google во име на таа корисничка сметка, вклучително фотографии зачувани во Google Photos, белешки за настани во Google Calendar, документи на Google Docs и, секако, мноштво електронски пораки. Компанијата го најави "големото расчистување" уште во мај, така што нема простор за негодување дека веста доаѓа одненадеж.
Објавено на 15.11.2023 - 12:30

Омнибус
Хуманитарна акција на Донирај компјутер, СОС Детско Село и Нетпун Македони j а Организацијата “Донирај Компјутер” постои веќе седум години и до сега има донирано повеќе од 2600 компјутери на семејства кои не поседуваат ИТ уред. Организацијата работи на начин што ги поврзува големите компании и граѓани кои донираат компјутери а тие после репарација ги распределуваат таму каде што има потреба.
Објавено на 14.11.2023 - 18:00

Роботика
Шематика на колективната динамика на донесување одлуки под лупа.
Сложеното однесување на пчелите веќе подолго време е предмет на голем интерес кај истражувачите. Истражувачите од Универзитетот во Барселона открија дека токму пчелите претставуваат одличен субјект за проучување на динамиката на групното однесување и донесување одлуки. Во една неодамна објавена студија, професорот М. Кармен Мигел и неговите колеги, го опишуваат процесот во кој дизајнирале и склопиле “армија” од 35 килоботи опремени со ситни нозе, LED светла, приемник на инфрацрвена светлина, и способност за импресивни танцови движења. Имено, килоботите биле програмирани да ги реплицираат интеракциите помеѓу пчелите со вештини од типот препознавање на светлина и на движење. Секој бот имал за задача пронаоѓање на потенцијална локација за гнездење за колонијата и потоа со другите ботови да оствари консензус за избор на оптимално место.
Објавено на 14.11.2023 - 17:45

Медицина
Од една страна, хемиските пестициди се широко распространети во средината во која живееме, во водите и во производите што ги јадеме. Од друга, на глобално ниво е забележан загрижувачки пад на плодноста кај мажите. Сега уште една студија ги поврзува овие две критични прашања на современиот свет. Имено, сѐ укажува кон тоа дека постои силна поврзаност помеѓу изложеноста на хемиските супстанции за земјоделска употреба, особено инсектицидите, и пониската концентрација на сперматозоиди во спермата кај мажите, во целиот свет.
Објавено на 14.11.2023 - 16:45

Астрономија и астронаутика
Според веќе востановената практика, со речиси секоја нова вселенска мисија НАСА им дава можност на сите во светот да испратат дел од себе во вселената. Овојпат се работи за мисијата на леталото Клипер што следната година треба да се упати во правец на јупитеровата месечина Европа. Со кампањата именувана “Порака во шише” секој што сака може да го испрати своето име на пат низ Сончевиот систем, сѐ до овој воден свет прекриен со ледена покривка.
Објавено на 14.11.2023 - 15:00

Медицина
Анастрозол, хормонална терапија што ги намалува шансите за развој на најчестата форма на карцином на дојка, станува достапна како превенција во Велика Британија за жените кои се со најголем ризик од развој на ваков тумор. Имено, регулаторната агенција за лекови на системот за здравствена заштита на Обединетото Кралство процени дека пуштањето во оптек на овој веќе постоечки лек сега пренаменет како средство за превентива , директно засега околу 289 000 жени со умерен или висок ризик да бидат дијагностицирани со овој вид рак, затоа веќе навлегле во менопауза (фаза од животот кога се зголемува ризикот за развој на неоплазија на дојка) или според семејната здравствена историја. Пациентите кои ќе проценат дека се во ризичната група, ќе треба да го контактираат матичниот лекар за да добијат пристап до терапијата, која се состои во секојдневно земање таблета од 1 mg во текот на пет години.
Објавено на 13.11.2023 - 17:45

Омнибус
По повод 10. ноември, датум прогласен за Светски ден на науката за мир и развој од страна на Обединетите нации, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) ги додели наградите за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2022 година.
Објавено на 13.11.2023 - 14:00

Омнибус
Со цел да се истакне важната улога на науката во општеството и потребата да се вклучи пошироката јавност во дебати за нови научни теми, по иницијатива на УНЕСКО, секој 10 ноември го одбележуваме Светскиот ден на науката за мир и развој. На овој ден се размислува и за важната улога што науката ја има во нашето секојдневие.
Објавено на 10.11.2023 - 14:15

Биологија
Животот не е лесен во густата крајбрежна вегетација. Кога лови, карипската медуза (Tripedalia cystophora) мора да се движи помеѓу потопените корени од мангрови дрвја. Нејзиното тело е кревко, а ризикот од судир мошне голем. За да не гладува, таа развила извонредна способност за движење низ оваа средина, а може да научи да избегнува и пречки, благодарение на нејзините минати искуства. Ништо од ова и не е многу чудно, со оглед на тоа што постојат многу животни што ги имаат истите способности. Но, постои една многу битна разлика: оваа медуза нема мозок! Па, како тогаш успева да учи?
Објавено на 10.11.2023 - 12:15

Медицина
Откажувањето од пушење е еден од најважните избори што може да ги направите за вашето здравје, а една студија објавена минатата недела во Science Advances посочува уште една причина зошто вреди да се обидете да ги оставите цигарите. Имено, пушењето цигари предизвикува опасни мутации во ДНК, мутации што го блокираат производството на протеини кои вообичаено го потиснуваат ракот со ништење на абнормални клетки. Се работи за молекуларен механизам со кој пушењето предизвикува тумори – прогресивна ерозија на нашата природна одбрана против заболените клетки.
Објавено на 09.11.2023 - 10:15

Pages